• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Академик д-р Миќуновиќ: Луцифер

декември 26, 2021
in Аргументи за
Академик д-р Миќуновиќ: Луцифер

Каков би бил светот да постои само врлина или порок, односно добро или лошо? Јасно е дека секаде околу нас и во нас создадено е и едното и другото и дека се дел од една целина. Сега приказната за рамнотежата на тие антагонисти станува очигледна.

Ако е создадено и доброто и лошото, љубовта и омразата, светлината и темнината, топлото и ладното… што нам ни останало да можеме да направиме користејќи ја слободата и останатото со што не дарувал Створителот?

Древните луѓе доброто му го препишувале на Створителот, а лошото на Ѓаволот. Тоа би значело дека Створителот создавал она што е добро, а лошото го создавал некој друг. Кај христијаните за таквото верување одговорен е ангелот Луцифер, кого, откако паднал, го викаат Сатана. Ваквото толкување е изнесено во Библијата од верзијата на кралот Џејмс I (мај 1611) во делот – Книга на порокот Исаија глава 14:12 (Како падна од небо, о Луциферу, синко на утрото?). Подоцна оваа Библија Англичаните повеќепати ја ревидирале, а посебно во 1970 година.

 

002 2

Библијата на кралот Џејмс е превод од латинската Библија Вулгате со сите нејзини квалитети, значенија и грешки. Поради грешките во библиските текстови и фактот дека тие почесто биле умножувани настанале бројни толкувања и за верските заедници. Така во тие грешки латинскиот збор Lucifer се изедначил со Сатана и во свеста на многуте верници се создал симбол на зло и причина на сето она што не е добро на Земјата.

Зборот Луцифер има латинско потекло и го користеле римските астролози како име за утринска ѕвезда, наречена Венера (ѕвезда Деница).

За преводот на Џејмсовата Библија преведувачите не го користеле оригиналот на хебрејски туку го користеле ватиканскиот превод (Библија Вулгата) направен во IV век.

Во неа латинскиот збор Lucifer е печатен со мала буква што значи дека не претставува сопствено име туку утринска ѕвезда. Во Рим во тоа време утринската ѕвезда ја викале Луцифер (Lucem Ferre – носител на светло). Наместо метафората запишана во оригиналната Библија на хебрејски како ѕвезда на денот, погрешно е поставен латинскиот зборот Луцифер на кој е додаден и паднат (кој не се однесува на ангелот туку на паднатиот вавилонски крал) и сето добило поинаква смисла.

Некој додавал и толкувал на свој начин. Тоа ги докажува и разликите во преводите и ревидираните изданија на постоечките преводи. Барајќи ја вистината за Луцифер може да се верува дека во преводите на некои Библии, спротивно на оригиналот, е запишано латинското име за утринската ѕвезда која по грешка ја поистоветиле со Сатаната.

003

Пишувани се многу работи, ама прашањето е дали тоа сме го прочитале. Од многуте автори им ги цитираме нивните мисли, ги запишуваме во наводници. Постојат многубројни дела што нам ни се непознати и многу автори, без намера се случува туѓите мисли да ги присвојат, пишуваат нешто што некој тоа го направил пред нив. Се случува авторот што напишал некоја мисла да не знае дека тоа истото го направил некој пред него. Се случувало да се јави и некој трет кој многу порано од нив го објавил таквото дело.

Во секој случај ќе се согласиме дека основата на секој автор го прави неговото знаење. Прво мора нешто да се знае за тоа да се презентира и подели со другите. За некој да прави добро, мора да знае што е добро.

Бидејќи луѓето се раѓаат како недовршени битија и дека тоа довршување трае до крајот на животот, процесот на сознавањето го дефинира нивниот живот и директно влијае на тоа како некој ќе се довршува. Можноста за сознавањето е ограничена и се знае кога детето може да прооди, кои движења може да ги изведува во одредена животна доба и слично. Се разбира, чувството на бесконечниот пат кон сознанието ги мотивира луѓето постојано да трагаат за нови сознанија.

Факт е дека некој сознава повеќе, некој помалку. Можностите не се исти, кај некого биле огромни па не постигнале добри резултати и не станале дарители на добри дела. Се кажува дека мотивот е позначаен од талентот. Неталентираните личности чиј мотив бил силен, со труд постигнале важни успеси. Тоа зборува дека на повеќето луѓе им е дадена голема можност и дека само со работа можат да дојдат до сознанија и успех.

Многумина сакаат да се ослободат од работата незнаејќи дека, всушност, работата ги ослободува нив.

 

… Продолжува

 capture 20211205 003607 copy copy copy

Пишува:

Академик д-р Миле Миќуновиќ од Охрид

Објавените текстови  во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА …

на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите,

а не на редакцијата.

Публицитет.мк

Посетеност: 106
Share
Previous Post

Студенти на насоката Гастрономија од ФТУ-Охрид забележа огромен успех на XVIII меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул

Next Post

Новогодишна елка под вода – накитена за среќна 2022 година

Next Post
Новогодишна елка под вода – накитена за среќна 2022 година

Новогодишна елка под вода - накитена за среќна 2022 година

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 106

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk