• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Нов културен идентитет на мажите

април 10, 2022
in Аргументи за
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Нов културен идентитет на мажите

Живееме во време на мажите што научиле да плачат! Не бегаат од одговорност, забавни се, галантни…

Многу се очекува од мажите. Голем дел од обврските на мажите ги преземаат жените на сопствена одговорност. Традиционално мажите беа одговорни за преживување на семејството, прво физички, а подоцна и материјално. Првото „пренасочување“, што се случило пред околу четврт век, американските автори го нарекле машко бегање од одговорноста. Соочени со масовното вработување на жените и со фактот дека веќе не се единствените што „носат дома леб“, мажите зазедоа плејбојски став и одлучилни се да го следат уживањето, или, пак да фантазираат за него.

Судејќи според приговорите и порастот на разводите на многубројните млади луѓе, живееме во времето на второто „пренасочување“. Без разлика на тоа што бракот веќе не е обврзна форма, многу жени се збунети. Во нивните очи мажите се обележани со неспремност да бидат во врска. И, што е најлошо, се чини дека на тие внимателни мажи флуидноста на блискоста не им паѓа тешко. Безгрижно пловат од авантура во авантура, но веќе не егоистично и „набрзина“ како некогаш, туку без брзање и со уживање, често пати, инсистирајќи на пријателство по разводот.

Станува збор за нов културен идентитет на мажите, што, всушност, е во изградба. Спротивно од бегањето на одговорноста, односно од стравот од зближување, новиот маж е, скоро парадоксално, подготвен да ги прифати зголемените очекувања (финансиски, сексуални и емоционални). Но само додека ги доживува како вистински предизвик. Новиот маж го движи потребата да биде успешен и дораснат за сè. Стабилноста и сигурноста му звучат застарено. Сè повеќе мажите се на различни курсеви за „личен развој“, а секој трет тип, кој своето работно време го поминува на компјутер, за време на викендот се занимава со ризични спортови.

 002

Влегуваме во времето на тестостеронот. Дали сакате одлучен, а сепак чувствителен маж? Вистински, груб маж кој научил да плаче? Вашето време стаса. Единствен проблем е во тоа што идилата не може да трае. Најголемиот непријател на новиот маж не е веќе женската потреба за лојалност и верност, туку рутина што во него предизвикува досада и чувство на празнина.

Новиот маж е, скоро, идеален производ за женски купувач. Создаден според популарните барања на новите генерации на жени – за кои емотивно комплицираните бунтовници и неконформисти сосема го изгубиле шармот – мажи на 21. век што остварува многу удобности.

Финансиски е успешен. Ја поддржува жената во кариерата и во фаќањето судир со катастрофите на стварноста. Готви подобро мажот од жената. Од тоа што многу држи на својот изглед, не стасува да го критизира нејзиниот изглед (што таа го интерпретира како потполно прифаќање). Сексот го сфаќа како арена во која, како вистински гладијатор, мора да зададе барем три последователни оргазми и неколку мали бодежи за добра мерка. Подготвен е за емоционални исполнети разговори зашто верува дека со тоа се ослободуваат внатрешните потенцијали (таа смета дека е емпатичен). Тој рециклира, патува по светот и исмејува секој политички ангажман (таа го смета за духовит и начитан).

Сè е убаво додека трае. Новиот маж е забавен, галантен и непотребното не го комплицира. Единствен проблем е што не трае. Ако внимателно се загледате во неговите зеници, ќе го забележите рокот на траењето. Како Худини, тој исчезнува на врвот на претставата. Од рака ќе ви се лизне по барање на нов предизвик. Токму тогаш кога светот почнал да личи на совршено место за одгледување на потомство. И затоа новиот маж е идеален производ. Токму кога ќе се навикнеш на еден, присилени сте да побарате друг. И секогаш од почеток. Интимна потрошувачка со сезонски попуст.

Следна недела: Бесплатен лек за телото и душата.

003

Пишува

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Посетеност: 84
Share
Previous Post

Дербито за охриѓани- ГФК Охрид Лихнидос – ФК Кораб 2 : 1

Next Post

АЛПОЈО Охрид: Афионовото семе неизбежно во Велигденските рецепти

Next Post

АЛПОЈО Охрид: Афионовото семе неизбежно во Велигденските рецепти

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 84

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk