• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Стара Црногорска човечност, јунаштво и витештво

мај 21, 2022
in Аргументи за
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Стара Црногорска човечност, јунаштво и витештво

Јунаци на илјада, а човек во илјада еден.

Во генеалогијата (историја на едно семејство) на јуначкиот морал прво доаѓа јунаштвото, а како негова круна човечност. Човечноста треба да се стави пред јунаштвото со цел да се оплемени јунакот во човекот – јунаштво во човечност. Човечност (humanitas) не е можно без јуначко сведоштво. Јунаштвото е неговата неопходна поставка без и на најсовршениот морален човек не може да му припадне палмата на човечност – humanitas. Правилото е: да се исполни племенската и националната должност; да се биде домаќин, воин, темел на својата куќа, своето братство, својот народ; потоа да ги исполнува законите на јунаштвото, а после тоа може во себе да си дозволи да го совлада човекот, воинот и јунакот и да се искачи кон човечност. Зошто „човекот“ во себе не може да го избриши јунакот. И како „човек“ јунакот останува – јунак. Како човек овој јунак се приближува кон „христијанин“, но поради тоа сепак уште не е комплетен христијанин, зошто тоа би значело да се задуши јунакот. Затоа црногорскиот збор човечност (чојство) не може поинаку да се преведе туку со humanitas heroica (херојска, јуначка човечност). И обратно: сето твое јунаштво, стекнато во неуморен натпревар со тебе равноправни јунаци, нема вредност ако не си освен јунак и човек. Нема ништо поубаво од тоа кога ќе ти кажат: „Те знаев како јунак, ама не и како човек. Дури сега гледам дека си и едно и друго“ (М. Павиќевиќ, Црногорци, IX, 5). И нема ништо полошо, ако некој човек ти кажи: „Ти си јунак, ама не си човек“.

002. Valerio Teodor Knezeva garda copy

Во истакнатата племенска аристократија не се цени човекот кој по својата природа е добар и мирно живее. Тоа не е негова заслуга, тоа е негова природа или одговор на неговиот кроток карактер. Таков човек би дал големина кога така смирен, поради некое доживување или некоја внатрешна причина, би станал, да речиме, одмаздник. И обратно: човекот со својата виоинствена природна ќе го достигне врвот на својата човечност, ако своите воинствени нагони ги совлада во нешто поголемо и подобро, кога ќе ги победи законите на својата природа. Но, само оној кој веќе тоа го докажал и кому може да му се верува дека е јунак, дека е на пр. во состојба да се одмазди, дури таков човек може да си дозволи да се откаже од одмазда, а угледот поради тоа да не му се валка, само таков човек се препознава како најголемо човечко суштество – како човечност. Значи humanitas heroica е состојба на поединецот, избраниот, на аристократијата – а не на масите, таа е доблест што произлегува од силата и исполнетоста, а не од слабоста и празнината.

003. Valerio Teodor 1876 Cuvarka na oruzje vo vlez vo manastir

Но, човечноста не треба да се меша со витештвото, т.е. херојското човештво со витешкото однесување. Иако црногорското витештво е несомнено морално наследство на феудализмот на старата српска држава и европските крстоносци, а поради вечната борба за христијанската религија и христијанскиот морал се здоби со одредена религиозна примеса, тоа е поблиску до она што Црногорецот го подразбира под поимот – јунаштво – отколку на тоа што сака да каже со изразот: човечност (чојство). Тоа е затоа што црногорското витештво е често и премногу тесно поврзано со натпреварување, за површнa и видливa чест, односно почест (јавно изразена чест или признание). Црногорецот е заљубен во големи гестови, во кавалерски замав. Во сите случаи кои ние и во Европа ги означуваме и ги цениме како витешки, често има тенденција да се импресионира јавноста што е можно повеќе.

При манифестирањето на херојската хуманост – човечност (чојство), нејзиниот носител често ќе мора да се помири со фактот дека неговата околина, потопена во старите обичаи и традиции, нема да го разбере, бидејќи човечноста често бара и етичко совладување на обичаите. И пред сè: човечноста е скромна, човечноста не ги познава надворешните истакнувања. А тоа не може да се каже за витештвото. Витешките гестови лесно се прелеваат во став и поза што бараат публика која ќе се восхитува. Така, во една ајдучка пена Комнен Бајрактар ​​заробил тројца познати турски јунаци; Иво Сењанин, познатиот ајдук арамбаша, го советува да ги ослободи, од следниве причини: „Низ светот нека зборуваат за твоето јунаштво и за моето витештво“. Затоа, ослободените благодарни треба насекаде да раскажуваат како Комнин ги поразил и заробил, а Иво им дал слобода, па светот ќе го слави Комнин како јунак, а Ива како хуман човек. (Герхам Геземан: Чојство и јунаштво старих Црногораца, Унирекс, Подгорица, 2006, 249-260).

Моето животно мото е: работи, заврши, објави. Секогаш да бидам најдобар и одличен меѓу другите, да не го срамам родот на татковците.

 

СРЕЌЕН 21 МАЈ, ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА НА ЦРНА ГОРА, СЕКОГАШ СО ЈУНАЧЕН, ПРКОСЕН, ГОРД НАРОД, ВЕЧНА ДА Е!

 003 2 copy

Пишува

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Слика 1: Пајо Јовановиќ, Мечовање; слика 2: Валерио Теодор, Гардата на Кнезот; слика 3: Валерио Теодор, Чуварка на орујжје во влез 

Посетеност: 119
Share
Previous Post

Доделени „Златните објективи“ на Олга Луковска Дончиќ, филмска монтажерка и на Благоја Куновски -Доре, филмски критичар

Next Post

Денес им е роденден: Драган Ќуќа

Next Post
Денес им е роденден: Драган Ќуќа

Денес им е роденден: Драган Ќуќа

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 119

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk