Миле Д. Миќуновиќ, академик, доктор на медицински науки, професор, специјалист по урологија, експерт – рецензент, поет и публицист од Охрид на 18 јуни 2022 година избран е за Почесен член на Меѓународната Академија „Михаил Еминеску“ во Крајова, Романија.
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ докторирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград и се стекнал со титула „доктор на медицински науки“. Работел во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Бил вонреден професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола по Хирургија и Полово образование. Неговото животно мото е: „работи, заврши, објави“, а за оние кои сакаат критизерски да се однесуваат за делата, ги потсетува на познатата латинска поговорка: „Faciant meliora potentes“ („Оние што можат, нека направат подобро“).
Академик д-р Миќуновиќ е автор на 116 книги (со 30 215 страници во тираж од 49 330 егземплари). Објавил 443 научни и стручни трудови, 10 универзитетски книги, над 50 колумни во дневен печат и 105 популарни статии на веб порталот доктори.мк и публицитет.мк.
Редовен член е во Европската Академија за науки и уметност во Салцбург од областа на медицината.
На 18 јуни 2022 година на Фестивалот на поезијата, Меѓународната Академија „Михаил Еминески“ свечено му додели титула на Почесен член на академијата, за неговото книжевно творештво и творечко учество.
Извршниот комитет на Меѓународната академија „Михаил Еминеску“ му додели Награда за перформативна медицина и Медал „Михаил Еминеску“ за неговите заслуги во национална и глобална културна дејност.
Во негова придружба беа неговиот син д-р Миќун Миќуновиќ и колегата д-р Зоран Битраковски.
Добитник е на многу награди и признанија. Се здобил и со титула: „Суверен принц од крстот на Розата, Витез на Орелот.“
Публицитет.мк