ДА ВЕ СТИМУЛИРА СЕМЕЈНАТА СЛОГА
УБАВИНИ ДА ВИ РАСТАТ
ВО СРЦАТА ТОПЛИНА ДА ВИ СЕ ГНЕЗДИ
ДА ИМАТЕ ИЗВОРИ НА МИР И СРЕЌА!
СОНИШТАТА ДА ВИ СЕ ОСТВАРАТ И ДА ВИ СЕ ПЛОДАТ
КАКО НЕЖНИ ПОКЛОНИ НА СЛОБОДАТА!
А, сега да се потсетиме:
Во Македонија ДОБРАТА МАКЕДОНКА е почитувана како и ДОБАР МАКЕДОНЕЦ како чесен домаќин – маж или син, девер или брат или познат сват! Многу пати Македонија ја чувале и ја одржале Македонките. И кога ја менувале вероисповеста и името и кога со мажење за тугинец го менувале презимето никогаш не се откажале од Македонија ниту од своето Македонско потекло! Македонките секогаш во војна оделе за синовите, браќата и мажите храна носеле, болничарки им биле. Ни тогаш, ни подоцна, зад борците не се криеле: секогаш со сопствената ЖРТВА борците ги храбреле!
Ова е празник кој во својата суштина ги содржи економските, политичките и општествените достигнувања на жените и нејзината борба за родова рамноправност.
Во 1975 година, Обединетите Нации го прогласија 8 Март за „Меѓународен ден на правата на жените“.
Денот е борба за правата на жените, а не за цвеќе и бонбониера. Со овој ден ги прославуваме остварените придобивки и мериме колку далеку сме дојдени, но исто така, да се види дека има уште многу чекори за преземање.
Сепак, на крајот од денот треба да подариме внимание на омилените жени во нашиот живот, но не мора тоа да го правите само овој ден, туку секој ден за вашата мајка, баба, сестра, тетка, пријателка, за жената.
Уште еднаш:
СРЕЌЕН ВИ 8 МАРТ
Ден на несебична љубов, ден на оплеменета слобода ПРАЗНИК НА НАДЕЖТА!
Ваш Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ\ од Охрид
Публицитет.мк