• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Академик Ѓурчинов говореше по повод 80-годишнината од раѓањето на Чинго

јули 23, 2015
in Култура

Живко Чинго, покрај Петре М. Андреевски, е најистакнатиот раскажувач, додека природата и силата на неговиот талент се нешто исклучително во македонската литература. Со вакви оцени се произнесе академик Милан Ѓурчинов, кој одржа предавање на тема „Великани на македонската уметничка проза – Живко Чинго“.

Говорејќи на Научната и уметничка визита, во организација на МАНУ,вчера, во Куќата на Уранија во Охрид, а по повод 80-годишнината од раѓањето на писателот Чинго, академик Ѓурчинов рече дека само Чинго ја има таа грандиозна хуманистичка и етичка вертикала, својствена на великаните на светската литература.

– Чинго е, пред сè, наратор. За жал, умре млад, на 50 години, но зад него останаа 14 наслови од книги. Со самата појава во литературата предизвика експлозија во Македонија и во тогашната југословенска заедница. За него пишуваше литературното списание „Дело“ на Оскар Давичо, делата му беа преведувани на тогашниот српско-хрватски јазик, но бргу станаа своина на светската литаратура. Во Париз, романот „Големата вода“ е објавен во елитна едиција, заедно со Марија Цветаева и со Иво Андриќ, додека францускиот печат пламна со написи за Чинго. Веднаш потоа беше објавен и на руски јазик, како и „Пасквелските раскази“ – истакна Ѓурчинов.

Тој смета дека врз Чинго влијаел рускиот класик Исак Бабељ, кој бил негов духовен татко, меѓутоа на една трибина, од врвни македонски есеисти и литерати, можеше да се слушнат и споредби дека Чинго беше истовремено македонскиот Орвел, но и Кафка.

Извор:Мета.мк

Посетеност: 170
Share
Previous Post

„На зајдисонце“ во Трпејца – Фотогалерија

Next Post

Пијанистот Погорелиќ со втор концерет на „Охридско лето“

Next Post

Пијанистот Погорелиќ со втор концерет на „Охридско лето“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 170

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk