Гордост на семејството Миќуновиќ се децата, синот Миќун доктор специјалист неврохирург и ќерката Љубица доктор специјалист анестезиолог. Децата секогаш се богатство, никогаш товар. Децата се иднина и треба да им се всади љубов во срцата, да се водат со мудрост и да се учат за живот. Кога растат да им се даде простор за растење.
Децата носат светлина во нашиот живот. На 18 октомври 2022 година во семејството Миќуновиќ влезе уште една светлина кога ќерката Љубица Миќуновиќ Деребанова го одбрани докторатот на Медицинскиот факултет во Скопје и се стекна со научен степен „доктор на медицински науки“
Доктор на науки е највисок академски степен кој се доделува од страна на универзитетите. Ова академско звање се добива како резултат на направени истражувања во определена научна област. Од кандидатот се бара, преку оригинални истражувања, да даде нов оригинален научен пристап, во овој случај во медицината во областа на анестезијата, конкретно за регионалната анестезија. Темата треба да се одобри од комисијата сочинета од експерти од соодветната област одобрена од факултетот. Резултатите добиени од повеќегодишната работа на темата, мора да бидат публикувани или да бидат спремни за публикување во меѓународно научно списание во кои тие треба да бидат рецензирани од експерти од соодветната област кои се анонимни.
Одбраната на изработената докторска дисертација се одвива пред комисија од експерти, која е одобрена од факултетот, универзитетот. Обично чинот се изведува пред публика и се сведува на испит на кој пред комисијата кандидатот ја брани темата на која истражувал.
Децата на сите луѓе се нивниот живот, како ќе ги воспиташ, такви ќе ги имаш. Тие се огледало на родителите. Велат: СИ УСПЕАЛ АКО ДЕЦАТА ТИ УСПЕАЛЕ.
Пишува
Академик д–р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид