• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, мај 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Академик Миле Д. Миќуновиќ: Живееме ли во неприфатливи услови?!

септември 11, 2022
in Аргументи за

Дали ви паднало на ум дека живеете во услови кои се неприфатливи или неподносливи? Сигурно не сте забележале затoа што во таа ситуација сте влегле постепено, навикнувајќи се на секоја поединечна промена, а не нагло.

Може да ни причинува задоволство, дека постојано сме му потребни на нашиот партнер, дека нашиот шеф се потпира на нас, при извршување на одредени задачи или дека на нашиот пријател му е потребно нашето постојано внимание. Порано или подоцна, постојаните барања и проповеди ја гушат нашата реакција, ја губиме силата и способноста да видиме дека е тоа всушност нездрав однос. Овој процес на тивка адаптација постепено почнува да управува со нас и не заробува, почнува да го контролира нашиот живот чекор по чекор. Ја отапува нашата будност, и ние не знаеме што навистина ни се случува и што ни е навистина потребно во животот.

Ситуација кога некое лице живее во услови неприфатливи за него, но тој не го забележува тоа, е познат како синдром на жаба во врела вода.

Често сме жртви на синдромот жаба во врела вода, на работа, во семејството, во пријателството и во љубовните врски, па дури и во рамките на општеството и државата. Дури и кога зависноста, гордоста и себичните барања ги надминуваат сите граници, за нас секогаш е тешко да сфатиме колку нивното влијание може да биде погубно.

Претпоставка е дека жаба вметната во сад исполнет со врела вода веднаш ќе скокне од неа. Ако жабата биде фрлена во сад исполнет со ладна вода, таа ќе остане во него. Ако тогаш таа вода ја загреваме многу лесно и постепено, жабата би останала во водата и би била сварена.

Приказната за Жаба во врела вода се заснова на вистински физички експеримент. Ако брзината на температурата на греењето на водата не надмине 0,02 Целзиусови степени во минута, жабата и понатака ќе седи во садот и на крајот умира сварена. При поголема брзина на греење, таа ќе скокне и останува жива. Како што објаснил Оливер Клерк, ако ја ставите жабата во сад со вода и водата се загрева постепено, жабата постепено ќе ја крева телесната температура на своето тело. Кога водата ќе почне да врие, жабата нема да биде во состојба да ја контролира својата телесна температура и ќе се обиде да скокне. За жал, жабата веќе ја изгубила целата своја сила и ѝ недостасува завршниот импулс да скокне од чинијата. Жабата умира во врела вода, не правејќи ништо за да се спаси и да остане жива.

 

zaba 2

Што ја уби жабата? Врелата вода или неможноста да се одлучи кога да скокне? Кога нешто лошо се случува многу бавно, ние тоа честопати не го забележуваме. Не успеваме да реагираме и дишеме токсичен воздух, што на крајот не труе и нас и нашиот живот. Кога промените се случуваат релативно бавно, тоа не предизвикува никаква наша реакција ниту наш обид да се спротивставиме.

Можеме да растеме само ако бидеме способни да ја почувствуваме непријатноста после одредено време. Тоа што инсистираме за своите права, можеби нема да му се допадне на тимот кој е околу нас, затоа што тие се навикнати на тоа да им даваме апсолутно сé несебично и без никакви барања. Запомнете дека понекогаш треба да се каже доста за да се одржи емоционалната рамнотежа, за да научат да ве почитуваат и да ве сакаат, за да ги цените своите интереси, да се почитувате себеси и го изнесете животот на повисоко ниво.

 

m

Пишува

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Посетеност: 111
Share
Previous Post

ФК Арсими – ГФК Охрид Лихнидос 1-0

Next Post

Peroni пивото од Италија и натаму меѓу најбараните во ALPOJO-Liquor&Spice Store во Охрид

Next Post

Peroni пивото од Италија и натаму меѓу најбараните во ALPOJO-Liquor&Spice Store во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 111

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk