Членовите на „Брег на младоста“ по тој повод организираа скромен коктел и го одбележаја заедно со нивните членови-младите акцијаши, но и со големиот број пријателели, спонзори и поддржувачи.
Исто така по повод меѓународниот ден на животната средина беше оддржан еко-предизвик ,, ЕКО-БУДИЛНИК! ВРЕМЕ Е ДА СТАНЕШ И ТИ ЕХО- ХЕРОЈ!” Предизвикот Се состоеше од 4 чекори, каде тимовите требаа да исчистат некоја локација, да направат креативни предмети од рециклиран материјал, да шират информативни пораки за заштита на животната средина и да засадат растение во својата околина. Комисијата која ги разгледуваше завршените предизвици наградите ги додели на најдобрите тимови кои на најкретаивен начин ја разубавија животна средина.
Тим Еко- акцијаши прво место Ана Марија Петковска Јована Ристеска Ангела Трајческа Стефани Наумоска
Еко Тим освоено второ место Кристина Војдиноска Сандра Рилкова Мартина Анастасијевска
Тим Јаготки трето место Сара Петковска Теа Николоска Валерија Андриеска
Публицитет.мк