Денеска имав средба со врвниот драмски уметник и актер Иван Босиљчиќ од Србија, кој вечерва со проектот „Наша вечер во Охрид“ ќе настапи во рамки на фестивалот „Охридско лето“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Со Босиљчиќ разговаравме за убавините на Охрид, како основа за неговата посебно креирана програма, која е уникатен спој на музичкo-сценска изведба, со стихови од врвните поетски имиња.
Фестивалот „Охридско лето“ секогаш бил пример за организирање на впечатливи настани и настапи на истакнати уметници, кои оставаат значаен печат во културниот живот на градот. Во придружба на гостинот од Белград беше и директорката на „Охридско лето’ Наташа Поповиќ.
Извор: Официјален фејсбук ма Градоначалник на Охрид.