Во средата на 16. март. големиот комичар Џери Луис го прослави својот 90 роденден. Тој е роден на 16.март.1926 година во Њуарк како Џозеф Левич.
Џери Луис своите ѕвездени мигови ги имаше во пеесетите и шеесетите години од изминатиот век.Особено беше плодна неговата соработка со Дин Мартин која започна во 1946 година. Во периодот помеѓу 1949 ми 1956 година тие заедно настапија во 16 филмови. По нивната разделба тој ја продолжи својата успешна кариера како комичар и многумина го нарекоа “ Крал на комедиата“. Успешната самостојна карирера тој ја надополни и со режија.Малку е познато дека дека тој е еден од пионерите во користењето на видео-технологијата при снимањето на неговите филмови.Во својата кариера има остварено над 70 филмски и телевизиски улоги и режирано 14 филмови.
Освен како филмски творец Џери Луис е познат и како голем филантроп.
По повод неговиот 90 ти роденден , познатиот интернет портал metv.com, направи избор од пет негови најдобри филмови кои тој ги потпишува како режисер и во кои тој ја толкува главната улога.Редоследот е направен од петтото кон првото место.
5.КУРИР (1961)
Во 1961 година Џери Луис режирал две комедии: „ Женкар“ и „ Курир“. Оваа вторава ја реализирал само неколку месеци по филмот„ Женкар“.Филмот бил реализиран во мошне кусо време (само за пет недели) што дури и за Холивудски стандарди е мошне кусо време но не и за Џери Луис.Филмот бил реализиран во црно бела техника.
Компанијата „ Парамутуал пикчерс“ сака да дознае што се случува со нибните пари изаради тоа тие го ангажираат Морти за да им биде шпион . Морти работи за господинот Снек кој е всушност курир и има пристап до многу нешта кои се битни во работата на неговиот газда. Но, Морти е личност која може да предизвика вистински хаос без разлика на тоа што работи.
4. ЖЕНКАР (1961)
Филмот „ Женкар“ е реализиран исто така во 1961 година исто така режиран од Џери Луис кој ја толкува главната улога.
Тој во филмот го игра ликот на Херберт кој останал без девојката која нашла ново момче .По ова тој се заколнал дека нема повеќе да влегува во нова врска. Целиот скршен , тој започнува да бара работа за што побрзо да ја заборави девојката. Ќе најде работа во еден елегантен пансион наменет само за жени, кој го води Хелен Веленмелен.
Во филмот, кој имал буџет од 3,1 милиони долари, покрај Џери луис настапуваат уште и Хелен Траубел, Пет Стенли, Кетлин Фримен, Џорџ Рафт, Бади Лестер и други.
3.ПОТРЧКО (1960)
„ Потрчко“ е режисерското деби на Џери Луис. Се работи за црно бела комедија во која Џери Луис го игра ликот на батлерот Стенли во еден хотел каде својата работа ја извршува безпрекорно.Проблемите ќе настанат кога во хотелот како гостин ќе дојде
филмската ѕвезда Џери Луис кој мошне сличен со батлерот Стенли.
Фрапантната сличност ќе им зададе проблеми и на батлерот и на филмската ѕвезда Џери Луис кој ќе има многу проблеми околу своето сместување.
Филмот имал буџет од 900000 долари. Покрај Џери Луис , кој има двојна улога , во филмот настапуваат уште и Алекс Гери, Боб Клејтон, Сони Сендс, Дејвид Лендфилд, Бил Ричмонд и други.
2. ЖРТВА (1964)
Еден познат комичар загинува во авионска несреќа.Членовите на неговиот менаџерски тим се загрижени дака ќе останат без работа, и затоа одлучуваат некој кој ќе го завземе неговото место. Цтенли Белт , работи како потрчко во хотелот во кој престојуваат и тие одлучуваат од него да ја создадат својата нова ѕвезда.
Стенли ,очигледно нема талент за тоа,но неговиот менаџерски тим ја користи својата моќ за да му ги отвори вратите кон успехот, вклучувајќи го и неговото појавување во шоу програмата на Ед Селивен.Сепак, се чини дека од Стенли нема да биде ништо и менаџерите одлучуваат да му дадат отказ пред неговиот настап во шоу програмата.. Сепак , една од нив,Елен ќе се вљуби во Стенли и ќе застане на негова страна.
Стенли станува хит на шоуто.Останатите членови од тимот на менаџерите доаѓаат кај него за да молат за своите работни места. Стенли е великодушен и се согласува тие да се вратат и повторно да работаат заедно.
Работниот наслов на филмот бил„ Синот на потрчкото“ и првичната идеја била филмот да биде продолжение на филмот „ Потрчко“од 1960 година. Затоа и во двата филма ликот кој го игра Џери Луис го носи истото име –Стенли.
Во филмот покрај Џери Луис настапуваат уште и Еверест Слоун, Фил Херис, Кенан Вин, Питер Лори, Џон Карадин и други.
1.ОТКАЧЕНИОТ ПРОФЕСОР (1963)
Според многумина најуспешното авторско остварување во творештвото на Џери Луис е филмот„ Откачениот професор“, извонредна комедија која говори за неспретниот и срамежливиот професор кој, благодарејќи на волшебниот напиток се преобразува во сопственото алтер-его. Филмот всушност преставува шеговито видување на познатиот мотив за др.Џекил и господинот Хајд.
Напишан и одигран мошне духовито, филмот го привлекува вниманието благодарејќи на карактеристичното чувство на Луис за гег. Филмските сладокусци , пак, уживаат во апсурдниот хумор на Џери Луис , анархизмот и со поигрувањето со сите можни општествени вредности.Интересно е дека во својата родна земја долго време го сметаа за инфантилен забавувач, додека пак спротивно на тоа , заради споменатите одлики , Луис во Франција стекнал култна репутација на еден од водечките комичари од средината на 20 тиот век. Во 1996 година беше снимена нова верзија на филмот „ Откачениот професор“, во кој главната и уште некилку други улоги играше популарниот афроамерикански актер Еди Марфи.Овој филм неколку години подоцна доживеа и свое продолжение.
Инаку „ Откачениот професор“ на просторите на некогашната Југославија беше попознат по дистрибутерскиот наслов „ Волшебниот напиток на докторот Џери“.
Како што веќе рековме, дејствието на филмот е инспирирано со познатата научно фантастична приказна за Др. Џекил и господинот Хајд , а Луис во гилмот се појавува во ликот на Џулиус Келп, скромен, неугледен и срамежлив професор по хемија кој чуствува љубов кон својата студентка ( чиј лик го игра Стела Стивенс).Тој открива серум кој му го менува карактерот , односно благодарејќи на него тој станува шармантен заводник со име Бади Лав. Но сето тоа има една голема маана . Имено серумот престанува да делува без никаква најава што Келп го доведува во мошне непријатна ситуација.
Филмот постигнал извонреден успех. Само во Америка филмот заработил над 3,5 милиони долари а во Франција тој бил еден од најгледаните – биле продадени вкупно 1956744 влезници.
Нешто подоцна се појавиле шпекулации околу тоа дека Џери Луис ликот на Бади Лав го создал според својот некогашен партнер Дин Мартин, но Џери Луис тоа постојано го демантирал.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк