Денеска од 10 до 14 часот во култната кафетерија „Аквариус“ во Охрид по втор пат се случи одбележувањето на светскиот ден на поезијата 21 Март со настанот „Напиши стих – купи кафе“ .
„Аквариус“ заедно со НУ Библиотека „Григор Прличев“ и АБВ Дизајн од Охрид собраа голем број почитувачи на пишаната реч од Охрид и Струга.
Аматери и поети кои зад себе имаат видна биографија во литературата. Секој од нив подари стих и со кафе муабет размени позитивна мисла со пријателите на мартовското сонце, покрај мирното, сино езеро.
Посебна комисија деновиве ќе ги разгледа творбите и ќе ги соопшти добитниците на трите награди.
Сите присутни изразија пофалби за организаторите и желби ваквите креативни настани да се почести.
Публицитет.мк