Александар Петрески, музичар од Охрид, живеам во Германија ни ја испрати својата авторска песна во која за прв пат е самиот вокал.
-За прв пат во мојата 21+ годишна музичка кариера, се претставувам со авторска песна каде што вокал сум јас. Три месеци максимална емотивна вложеност, откако со гитара паднав в кревет и замислено го свирев интрово гледајќи в таван, замислувајќи како некој пати во моменталнава ситуација.
Музика, аранжман, микс, мастеринг, видео монтажа и едитирање ги направив сам.
Текстот по моја нарачка и замисла го напиша Аспасија Топаловска Петреска, се надевам ќе ви се допадне.
Публицитет.мк