Празниците не само што се ближат туку веќе се слават. Ниту една посна трпеза не може да се замисли без леблебија и суво грозје. АЛПОЈО Охрид и двата производи ги има во својата богата понуда.
Леблебијата е мешунка со неверојатни нутритивни вредности. Содржи протеини и многу влакна што дава чувство на ситост. Богата е со антиоксиданси, минерали (железо, магнезиум, калциум, цинк, манган и фосфор) и витамини (А, Е, Ц, Б и К). Леблебијата го намалува крвниот притисок и холестеролот, помага во исфрлање на токсини, го регулира шеќерот, придонесува за здравјето на срцето и коските и превенира рак.
Сувото грозје е богато со природни шеќери, фруктоза и гликоза, како резултат на што многу брзо дава енергија. Помага за подобра апсорпција на витамините, протеините и другите хранливи материи во телото. Во својот состав содржи витамини ( Ц, Е, К и Б), минерали (железо, калциум, магнезиум, бакар, фосфор и калиум), антиоксиданси и растителни влакна. Благодарение на овие нутриенти широко се користи за дигестивниот систем, за намалување на холестеролот, подобрување на видот и превенција од малигни заболувања.
Публицитет.мк