Ние од ALPOJO-Liquor & Spice Store Ви препорачуваме еднаш неделно леќата нека биде дел од вашето мени. Уште деенеска побарајте Леќа пакувана во заштитната амбалажа на АЛПОЈО – Охрид.
Леќата е вистински рудник на витамини од Б групата кои поволно влијаат на нервниот систем, додека високата концентрација на железо помага во спречувањето на малокрвност.
Ова мешунка преставува концентрирана храна која преставува одличен извор на енергија која доаѓа од протеините и јаглените хидрати, затоа што леќата практично не содржи масти. Бидејќи малку ја зголемува киселоста на организмот добро е да се јаде во комбинација со зелен зеленчук. Леќата е богата со влакна, така да одлично го регулира работењето на цревата. Само 100 грама сурова леќа задоволува скоро сите хранливи потреби на врвните спортисти. Добро е да се консумира со лимон кој е богат со витамин Ц бидејќи ќе се подобри впивањето на железото од леќата. За внесување на сите аминокиселини најдобро е леќата да се комбинира со ориз. Леќата најдобро се подготвува така што преку ноќ се потопува во вода, а наутро се мие и се остава влажна. Потоа повторно 3-5 пати се мие со вода се додека не почни да рти, што се случува за 24 часа.
Штом ќе се појават малите никулци, леќата може да се консумира како додаток во разновидни салати. Ова постапка на подготовка важи за сите мешунки. Леќата подготвена како манџа или супа е одлична храна како за возрасни така и за мали деца.
Во 100 грама леќа се наоѓаат по 9 грама белковини, кои ја јакнат мускулната маса и овозможуваат правилно работење на организмот. Покрај тоа, леќата е богата и со влакна, кои го подобруваат варењето и го намалуваат високото ниво на холестерол. Tаа е богата и со Б витаминот и со јагленохидрати, кои го снабдуваат телото со потребната енергија и кои долготрајно го заситуваат.
На пазарите можат да се најдат неколку видови леќа, кои се наменети за различни видови јадења.
Зелената леќа има благ вкус на црн пипер. По термичка обработка останува al dente, па затоа се смета за идеален избор за во различни салати. Пред варењето, пожелно е да отстои некое време во вода, а потоа се обработува термички околу 45 минути.
Жолтата леќа бара куса термичка обработка, односно околу 20 минути. Добро оди со ориенталните зачини како што се куркумата, карито и кајенскиот црн пипер. Од него се прават варива, сосови и намази.
Црвената леќа има благ и лесно слаткаст вкус, а се вари мошне брзо – за за 15 – 20 минути. Со оглед на тоа што е лесно многу да се развари по термичка обработка, се користи за згуснување супи и различни варива. Од него многу лесно се прават пире и сос.
Кафеавата леќа е многу флексибилна намирница. Одлично се комбинира со маслиново масло и домати, поради што може да се користи за подготовка на се – од намази и сосови, до салати и варива. Во просек, се вари околу 45 минути.
Црната леќа одговара со лук и со горчлив зеленчук. Бара долготрајна термичка обработка, односно варење од минимум 30 – 40 минути.
Подгответе вкусна супа од леќа.
СОСТОЈКИ:
- 250 гр леќа
- морков
- корен магдонос
- главица кромид
- чешне лук
- 2 лажици масло
- 2 лажици брашно
- сол
- бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Измиената леќа гответе ја во солена вода заедно со морков и магдонос, а пред крај досолете и побиберете.
- На загреано масло испржете сечкан кромид и брашно, додајте ситно сечкан лук и зачин, па измешајте во зготвената супа.
Добар апетит!
Публицитет.мк