Ѓумбирот е повеќегодишно растение чиј корен се користи свеж и сушен во храната. Се користи како зачин, а може да се користи и за правење чај, сок, колачи или може да се јаде исецкано со мед. Во продажната мрежа побарајте пакување ѓумбир со знакот на АЛПОЈО – Охрид.
Ѓумбирот има лут вкус и ароматичен мирис кој доаѓа од етеричните масла и фенолни соединенија. Овој корен има само 80 калории на 100 грама и не содржи холестерол. Сепак, содржи многу хранливи материи и витамини како пиридоксин (витамин Б-6), пантотенска киселина (витамин Б-5),кои се потребни за оптимално здравје. Ѓумбирот заедно со сушен лук, кромид, домати, ким,семиња и сенф изработени како паста се додава на зеленчук, месо и супа. Чајот од ѓумбир е популарен пијалок во многу азиски земји. Не се препорачува за лица алергични на овој вид на произод.
Производот е усогласен со пропишаните услови.
Ѓумбирот е лековито растение кое изобилува со витамини. Потекнува од Индија и Кина, а во античкото време имал огромно значење во трговијата со зачини. Може да се користи како зачин или за чај. Се користи при грип и вироза.
Ѓумбирот му дава енергија на целото тело и помага за подобро варење на храната, дијареа, бавна циркулација, како и за ублажување на симптомите од артериосклероза, артритис, гадење, хемороиди, за искашлување на слуз од грлото, мигрена, алергии и срцеви заболувања. Неговата лековитост помага за ублажување и на симптомите од менструалниот циклус. Неговата исклучителна ефикасност се огледува во ублажување на воспалението на телото, придонесува за правилен развој на ткивата, го зголемува имунитетот и го намалува ризикот од срцеви болести.
Се препорачува дневна доза од 500 милиграми, и тоа во капсули, чај, сок или храна.
Во бременоста не се препорачува да се користи ѓумбирот при воспаление на кожата, висока температура, висок крвен притисок и камен во бубрези.
Ѓумбирот помага за подобрување на варењето, ги апсорбира и ги неутрализира отровите во дигестивниот тракт, ја зголемува секрецијата на дигестивните ензими и сокови, вклучувајќи ја и жолчката и плунката, и помага за олеснување на болката во желудникот. Инстант чај од ѓумбир ги ублажува болките во стомакот и има анти-воспалително дејство. Ѓумбирот ги лечи сите дигестивни потешкотии и е многу ефикасен во чистење на телото од паразити и бактерии и го фаворизира развојот на добри бактерии. Тој ги чисти отровите од крвта и лимфата.
За намалување на главоболката потребно е да конзумирате две лажици инстант чај од ѓумбир растворен во вода.
Ѓумбирот го намалува шеќерот во крвта и холестеролот, помага за ублажување на менструални болки. Конзумирајте инстант чај од ѓумбир за балансирање на вашето тело.
Ѓумбирот е најбогат извор на калциум и железо.
Освен што одлично делува на расположението и го ублажува стресот, ѓумбирот е мелем за желудникот и за цревата, а е познат и како лек против грип, настинка, мачнина ја подобрува циркулацијата и го подигнува имунитетот.
Публицитет.мк