Макот, или афионово семе, се употребува за подготовка на разни видови пекарски производи. Наоѓа голема примена во домаќинството. Многу велигденски рецепти традиционално се сврзани со афионовото семе. Кога купувате – купувајте производи од брендот АЛПОЈО – Охрид.
Еве еден рецепт за една прекрасна штрудла.
Во 250 мл млако млеко ставете 1 супена лажица шеќер 2 супени лажици брашно и квасецот. Промешајте и оставете да стаса 15 минути.
Во длабок сад ставете го брашното, јајцата, маслото, шеќерот и надојдениот квасец и замесете средно тесто.
Тестото поделете го на две топки и покријте ги со крпа да одстои 45 минути.
За филот
Млекото ставете го да зоврие со шеќерот, а потоа додете го ванилиниот шеќер, мелениот афион и промешајте убаво.
Од едната топка тесто развлечете танка кора и преку неа ставете половина од филот со афион, замоткајте во ролат.
Постапката повторете ја и со другата топка тесто. Готовите ролати ставете ги во тавче обложено со хартија.
Жолчката промешајте ја со маслото и премачкајте ги ролатите.
Печете ги прво на 180 степени 15 минути, а потоа уште 30 минути на 160 степени покриени со фолија за да не изгорат.
Испечени попрскајте ги со млака вода малку и вратете ги во исклучена рерна уште 2-3 минути. Потоа покријте ги со крпа да се излади.
Доколку сакате можете да ги наросите со шеќер во прав.
За овој рецепт потребно е мелен афион меѓутоа може и не мелен, како и да е секако вкусот е фантастичен.
Торта со афиново семе
Потребни состојки:
3 јајца
200 гр шеќер,
1 ќесичка ванилин шеќер
150 мл јогурт
100 мл масло
1 ќесичка прашок за печиво
150 гр брашно
150 гр афионово семе (мак)
рендана кора од лимон
150 гр чоколада за готвење
50 гр путер за глазура
Подготовка:
Изматете ги пенасто јајцата со шеќерот, ванилиниот шеќер, јогуртот и маслото. Настрана во брашното измешајте го прашокот за печиво и додајте го во изматената смеса, а потоа и афионовото семе и рендана кора од лимон. Добро промешајте го тестото и ставете го во намастен калап за печење. Печете околу 30 минути на 200 степени, а за да проверите дали е печено, можете со чепкалка да го боцнете, ако не остане трага на него – колачот е печен.
Штом ќе се олади, премачкајте го со прелив озгора од стопена чоколада со путер.
Публицитет.мк