На секоја жена со вистински маж покрај неа, секој ден ќе и биде 8 Март. Честит празник на сите жени и девојки од АЛПОЈО – Охрид. Сопрузи и момчиња покрај грст насмевки, бакнежи, цвеќе и чоколадо подарете конкретен пијалак. Тркнете до Алпојо Liquor Store- купете и поминете заедно незаборавен Осми март.
Најубавите мисли од најпопуларните уметници што може да ве инспирираат да ја напишете посветата за вашата драга дама.
„Ако можете да љубите некого, само една личност, со целото свое срце, тогаш постои спас во животот.“ – Харуки Мураками
Разбираш дека совршеноста е едноставна кога пиеш само #Gordon’sGin со тоник ?
„Тоа што е судено, секогаш ќе најде начин да се случи.“ – Пауло Коелјо
„Кога те видов, се заљубив. А ти се насмевна, затоа што знаеше.“ – Шекспир
„Попрво би поминал еден живот со тебе, отколку да се соочам со сите години на светот без тебе.“ – Толкин
„Среќа е да држите некого во прегратка, и да знаете дека со рацете го држите целиот свет.“ – Орхан Памук
„Ќе те следам до сите краеви на светот.“ – Халед Хосеини
„Да се биде жена е навистина тешка задача, особено затоа што во суштина се состои од справување со мажи.“ – Џозеф Конрад
„Како и секогаш, моќна жена стои зад секој идиот.“ – Џон Ленон
Направете го сами Negroni & More и откријте ги вкусовите на најдобрите коктели. Земете две чаши во рака и наздравете со љубената…
„Таа попрво ќе го негира постоењето на времето и просторот отколку да признае дека љубовта можеби и не е вечна.“ – Симон де Бовоар
„Секое срце пее песна, нецелосна, сè додека друго срце не возврати со шепот. Тие што сакаат да пеат секогаш наоѓаат песна. На допирот од љубовник, секој станува поет.“ – Платон
Публицитет.мк