Пред нас се доцните есенски и зимски студени денови. Поголем дел од денот сите ќе го минуваме дома на топло. Но нема да изостанат дружбите со пријателите и блиските. Почнувајќи од денеска па во наредните недели заедно со АЛПОЈО Охрид ќе ве потсетиме на некои нивни производи кои се секогаш неопходни за подготовка на речиси сите благи и солени нешта што ќе се најдат на трпезите , особено за престојните слави но и во секојдневието. Започнуваме со сусамот и прашокот за пециво. Нив како сите останати производи со заштитниот знак АЛПОЈО побарајте ги низ продажната мрежа и во нивниот добро познат ALPOJO-Liquor & Spice Store на улица Марко Нестороски 62.
Мешавината на овие две состојки резултира со нешто многу корисно за здравјето на луѓето. Придобивките од медот им се добро познати на сите, а сусамот е растение кое се користи во исхраната многу долго време. Кога се користат заедно, вашето тело има големи придобивки, така што болестите се смируваат или се лекуваат ефикасно.Оваа мешавина е толку здрава што секој нов ден треба да ви започне со лажица мед и сусам.
Во античко време, оваа комбинација се користела за да им помогне на жените да ги подобрат функциите на репродуктивните органи, како и либидото.
Медот и сусамот, комбинирани во единствена мешавина, се одличен извор на: железо, манган, магнезиум, калиум, калциум, омега-3 и омега-6 масни киселини.
Кога станува збор за витамините, сусамот ги содржи оние од групите А, Б и Е.
Со консумирање на овие две состојки заедно, може да се ублажи болката во стомакот и тоа е одличен и најефикасен лек за менструални болки. Поради значителната содржина на железо, сусамот им се препорачува на жените за подобар циклус.
Медот и сусамот имаат ист процент на калциум, што влијае на здравјето на коските. Редовната употреба на оваа мешавина во исхраната може да помогне во зачувување на коските.
Сусамот покажува резултати во одржувањето на нивото на холестерол. Освен во мешавина со мед, сусамот можете да го додадете и во салати или десерти, а може да се јаде и суров.
Медот и сусамот имаат моќ да ја зајакнат коскената срцевина, да ги стимулираат менталните активности, да ја зголемат физичката издржливост и да влијаат на убавината и сјајот на косата и кожата.
Медот и сусамот ги ублажуваат или ги отстрануваат следните здравствени состојби:
- слаб имунолошки систем
- екстремна желба за слатки
- болки во стомакот
- гастроинтестинални нарушувања, вклучувајќи колитис, гастритис и чиреви
- слаби коски
- ниско ниво на физичка сила и издржливост
- слаба ментална активност или деконцентрација
- лош квалитет на кожата
- паѓање на косата
- вишок килограми
Иако постојат многу начини на кои може да се комбинираат медот и сусамот, доволно е да измешате една лажица сусам и една лажица мед и да ја консумирате оваа мешавина еднаш дневно. наутро пред појадок.
Рецепт за колач од мед и сусам
Измелете околу 300 грама чист сусам во електрична мелница за кафе, така што ќе добиете паста, а потоа измешајте ја со мед. Направете топчиња и ставете ги во фрижидер да замрзнат. Тоа е сè. Овој колач ќе ви послужи кога ќе имате неподнослива желба за слатки. Покрај внесувањето хранливи материи во вашето тело, ќе заборавите на чоколадото и на колачите и ќе го исчистите вашето тело.
Прашакот за пециво е средство за нараснување на тестото. Се употребува во пекарството, но и при подготовка на месо.
Квики Грицки
Одлични грицки за пред телевизор, за дечиња, супер мезе за со пивце и со супер друштво. Можете да ги зачините по своја желба и вкус.
Најпрво сусамот го пропржуваме во сува тава.
Потоа замесуваме тесто од сите наведени состојки.
На работната маса се расукува кора, која може да се сече на ленти и помали парчиња, или може тие ленти да ги исечкате со ножица директно во плехот каде ќе се печат грицките, врз хартија за печење.
Печеме во загреана рерна на 220 степени околу 15-20 минути, до добивање на посакуваната боја…повремено промешуваме.
Забелешка
Тестото го поделив на 2 дела, во едниот дел додадов црвен пипер (секако тоа е по желба)
Истотака можете да правите форми, такашто со модли ќе ги вадите од расуканата кора, или да формирате топчиња, но како и да ги направите на изглед не е толку битно…вкусот е ист, освен ако додадете по ваш избор други семиња или зачини…на пример куркума 1 мало лажиче…превкусни се и така.
Состојки
700-750гр Брашно
350мл Вода (млака)
150мл Зејтин
3м.л. Сол
75гр Сусам (пропржен)
3 пакетчиња Ким
1 Прашок за пециво
по желба Црвен пипер, афион или др.семиња
Публицитет.мк