Во оваа кризна ситуација…останете дома, за себе, за најблиските и за вашите сограѓани. Ви посакуваме добро здравје и се надеваме на скоро надминување на овие тешки времиња, порачуваат од АЛПОЈО Охрид . Сите набавки направете ги кај нив во Алпојо Liquor Store и во сите мали, локални продавници и маркети покрај сувото грозје побарајте ги сите производи со заштитниот знак АЛПОЈО – Охрид. Пред Велигден не заборавете да купите се’ што ќе ви треба за вашите домашни специјалитети кои ќе се најдат на празничната трпеза.
Кадаиф со ореви и суво грозје
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
Кадаифот се дели на два дела. На подмачкан плех бр.32 се става половина од кадаифот. Се ставаат ореви и суво грозје. Се потпекува малку и потоа се става другиот дел.
Се пече прво на 160 степени, а потоа на 100 степени.
И првиот и вториот дел се се попрскуваат со малку масло. И врз вториот дел од кадаифот се ставаат ореви и суво грозје. Се притиска убаво со рака.
Шербетот (шеќер и вода) се вари 10 минути, а потоа се додава кората и сокот од лимот и ванилата.
Кадаифот се попарува додека е топол, а шербетот ладен.
![](https://alpojo.com.mk/images/galleries/132/xYPbV3Qjgzsuvogrozje_polubelo.jpg)
Баклава со суво грозје
Состојки:
700гр. Кори за баклава
Фил:
3 јајца
2 лажици шеќер
2 филџана за кафе гриз
1 прашок за пециво
150 гр. суво грозје
150 гр. сецкани ореви
1 маргарин (растопен)
Шербет:
800 гр. шеќер
800 гр.вода
1 кесичка ванилин шеќер
1 ч. 15 мин. 8
Приготвување:
Јајцата и шеќерот се матат додека не се добие пена.
Во изматените јајца се додаваат останатите состојки од филот. Добро изматениот фил поделете го на три дела.
Во подмачкана тава од рерна се редат 7-8 кори секоја попрскана со масло за јадење. Потоа се посипува со 1/3 од филот.
Постапката се повторува додека не се потрошат корите и филот.
Исечената баклава се пече околу 50 минути на 200°Ц, се додека не добие убава светло кафеава боја.
Шербетот треба да врие 5 минути. Се додава 1 кесичка ванилин шеќер.
Се’ уште не изладената баклава се посипува со топол шербет.
Козињак со суво грозје
1. Брашното се просејува со солта.
2. Јајцата со шеќерот се матат со вилушка и се додаваат ванилата и махлепи.
3. Брашното се става на работна маса и во средината се прави дупка.
4. Внатре пополека се додаваат најпрво квасецот со млекото,потоа изматените јајца и млекото и мешаме заедно со брашното.
5 .Тестото добро го месиме а ако е потребно додаваме уште брашно за да добиеме еластично тесто.
6. Кога ке се замести тестото на работната маса се истура малку од стопениот маргарин и тестото се меси со маргаринот додека го впие потполно и одново се додава од маргариноти пак се меси….процедурата е таква што тестото се меси додека не го впие целиот маргарин (треба малку повеке труд Ч )
7. Тестото се става во поголем сад или тенџере подмачкано да стасува на топло покриено со крпа минимум 2,5 до 3 часа.
8. Стасаното тесто повторно малку се премесува (не се стиска многу туку се раширува тестото и внатре се става сувото грозје.
9. Од оваа количина излегуваат 2 поголеми козунаци или 3-4 помали.
10. Кога ке се оформат козунаците се ставаат во тави подмачкани со зејтин се покриваат со крпа и се оставаат 1 час на топло да стојат.
11. Пред печење се премачкуваат со разматена жолчка со малку вода и се става кафеав шеќер(и не мора)
12. За козунаците да бидат меки и со изразени конци се печат цело време на ниска температура 160 Ц.околу 1 час.
13. Ако при печењето почнат одозгора повеќе да црвенеат се покриваат со фолија.
14. Ако се прават 3-4 помали козунаци тогаш и времето за печење се скратува.
Сите состојки треба да се спремат одвечер и да стојат на собна температура.
Публицитет.мк