Ѓумбирот спакуван во нашата препознатлива амбалажа АЛПОЈО – Охрид е со висок квалитет и можете да го најдете во продажната мрежа во Охрид и регионот.
Ѓумбирот е еден од најраспространетите зачини во светот. Има необична арома, но сите веднаш ја препознаваат. Освен тоа, ѓумбирот има лековити својства, поради што би требало секојдневно да го консумираме.
Ублажување на мачнина
Ѓумбир е токму ублажување на мачнината. Може да ја спречи мачнината и повраќањето. Ѓумбир е одличен и за бремените жени кои имаат проблеми со утринските мачнини.
Го намалува нивото на стрес
Ѓумбир има делува смирувачки на телото и умот. Може да го намали нивото на стресот и да ја ублажи напнатоста. Само една шолја на чај може значително да го подобри расположението. Остава чувство на свежина и смиреност подолго време. Кога сте под стрес, немојте да посегнувате по нездрави форми на опуштање, туку испијте шолја чај од ѓумбир кој е докажано дека го намалува нивото на кортизон во телото.
Ја подобрува циркулацијата
Витамините, минералите и амино-киселините во ѓумбирот ќе ја подобрат циркулацијата на крвта и ќе го намалат ризикот од заболувања на срцето и крвниот систем. Исто така, ќе спречи формирање на наслаги во артериите и значително ќе го намали ризикот од срцев и мозочен удар.
Ги олеснува менструалните проблеми
Ѓумбирот се користи во кинеската традиционална медицина за ублажување на менструалните грчеви. Жените кои страдаат од силни менструални грчеви, можат да го користат редовно. Набрзо ќе забележите како се опуштаат мускулите, а болката се намалува.
Го подобрува варењето
Ѓумбир значително ќе ја забрза работата на дигестивниот систем и ќе ја подобри апсорпцијата на хранливите материи. Исто така, ќе се намали надуеноста предизвикана од брзо јадење и прејадување. Ѓумбир ќе го регулира апетитот.
Ги ублажува мигрените
Ѓумбирот е многу ефикасен при ублажување на мигрената. Значително ќе го намали хроничното воспаление, кое е водечки фактор на ризик од настанокот на мигрената.
Ги ублажува симптомите на артритис
Ѓумбирот има одлично против воспалително дејство, и ќе ги ублажи болките во зглобовите кои го предизвикуваат артритисот.
Ја зголемува плодноста
Ѓумбирот во древната кинеска медицина се користел како афродизијак. Исто така, се верува дека ја зголемува плодноста кај машките. Некои истражувања покажале дека секојдневната консумација на ѓумбирот ја зголемува концентрацијата на сперматозоиди и помага при еректилна дисфункција.
Вкусниот топол пијалак од ѓумбир ќе ви го затопли телото и ќе ви помогне да ги надминете сите настинки кои следуваат во постудениот период.
Неговата подготовка е едноставна, а постојат најмалку 7 причини зошто чајот од ѓумбир треба да стане дел од вашето секојдневие.
Потребни состојки:
- Парче свеж ѓумбир
- 1 литар вода
- 3-4 лажици мед
- 1 лимон
Подготовка:
Излупете го ѓумбирот и исечкајте го на тенки парчиња. Ставете ги парчињата во тенџере и прелијте ги со топла вода.
Ставете ја водата да се вари околу 15-20 минути.
Тргнете го од оган и оставете ги парчињата да отстојат уште 5 минути. Прецедете ја течноста, засладете ја и додајте го лимонот.
Причини зошто уште денес да сварите чај од ѓумбир:
1. Го зајакнува телото и имунитетот.
2. Го забрзува оздравувањето ако сте настинати.
3. Ги смирува мачнините во желудникот.
4. Позитивно влијае на нервниот систем.
5. Ја поттикнува работата на цревата и го намалува чувството на надуеност.
6. Ја поттикнува циркулацијата.
7. Го топли организмот подобро од било кое ќебе.
Ѓумбирот е една од најкорисните билки. Коренот-чудо е корисен за здравјето на многу начини. Тој има природни антибиотски својства. Богат е со антиоксиданси, кои се борат со многу болести и инфекции.
Ѓумбирот има уште антисептички и антивирусни својства кои прават вистински чуда со телото. Особено корисен е кај настинка и грип, бидејќи дава моќен поттик на имунолошкиот систем, пишува naturalnews.com.
Направете си домашен сок од ѓумбир кој ќе го пиете секое утро . Тој треба да содржи:
200 г свеж корен од ѓумбир
1 мал лимон
1 литар вода
80 г шеќер во прав
Ако имате проблем со шеќерот, користете некојa негова замена. Излупете и исечете го ѓумбирот на крупни парчиња. Излупете ја исто таа и кората од лимонот и и исечете го. Прелијте си вода во блендер и додадете ги производите кон неа. Шеќерот ставете го накрај. Измешајте. Поместете ја смесата во голем сад со капак. Оставете ја да отстои во текот на ноќта во фрижидер.
Следното утро исцедете ја смесата во ситна цедалка или газа за да се извлече само сокот. Истурете во соодветно стаклено шише со капаче. Пијте една чаша од овој животворен сок секое утро .
Погледнете зошто!
Превенција на рак
Прекрасниот природен пијалок има моќни придобивки во борбата против ракот и превенцијата. Во ѓумбирот се содржи активна супстанција – ѓумбирот докажано има однос во борбата со канцерогените клетки.
Против акни
Благодарение на антимикробните и антибиотски својства ѓумбирот е многу ефикасен и за оние кои страдаат од акни. Акните се должи најмногу на бактериски и воспалителни процеси во телото. Во комбинација со некој хормоналната нерамнотежа акните станува ужасен и речиси нерешлив проблем.
Редовното пиење на сок од ѓумбир и лимон придонесува за намалување на бактерии предизвикувачи на овој тип воспаление на кожата.
Антиинфламаторно средство
Ѓумбирот има својство да го инхибира воспалението и да ги отстранува токсините од организмот. Ова се случува благодарение на многуте антиоксиданси во него, кои ги неутрализираат слободните радикали, причинители на стареење и малигна делба на клетките.
Го одржува крвниот притисок
Ѓумбирот е ефикасен и при одржување на нормални нивоа на крвниот притисок. Во комбинација со сок од лимон и малку мед би бил одлично средство против хипертензија.
Го подобрува варењето
Во ѓумбирот се содржат ензими кои го подобруваат варењето. Тие го намалуваат производството на стомачни киселини за сметка на зголемената секреција на стомакот ензими.
Ја подобрува циркулацијата
Во оваа прекрасна корен-билка се содржат супстанции кои дејствуваат како антикоагуланти. Тие ги прошируваат ѕидовите на крвните садови по природен пат и на тој начин го олеснуваат преминот на крвта низ нив. Така циркулацијата се подобрува, а со него и работата на сите важни органи.
Го намалува холестеролот
Холестеролот е еден од главните виновници за кардиоваскуларни заболувања. Сокот од ѓумбир и лимон сепак има својство да чисти садовите од плочи и токсини како истовремено со тоа се намалува вкупниот холестерол во телото.
Се намалува ризикот од Алцхајмерова болест
Алцхајмеровата болест може да биде одложена во времето или целосно избегната со помош на редовно прифаќање на сок од ѓумбир и лимон. Едно е сигурно – дури и да не помогне, нема да наштети! Според истражувањата материите во ѓумбир имаат негувачко својство на мозокот. Сокот од лимон пак го прави умот поостар и корисен.
Публицитет.мк