Се’ што треба за Вашата трпеза кај нас има – порачуваат од АЛПОЈО – Охрид.
Секоја добра домаќинка знае што е потребно за да се подготват вкусни визитарски слатки и колачи. Шеќер, какао, сусам, ванила и ред други нешта во продажната мрежа во Охрид и Струга побарјте со знакот АЛПОЈО.
АЛПОЈО од неодамна го има редизајнирано нивниот сајт – се “ е подостапно и поубаво, проверете: http://www.alpojo.com.mk/ Прелистајте и овде уверете се!
Трпезата за вашата слава збогатете ја со прекрасни десерти…
Вистински хит на посните слави се ситните колачи. Гостите ги обожуваат, но на
домаќинките им задаваат вистинска мака. Ги има толку многу а треба да се
изберат најдобрите и највкусните рецепти.
Ролат со кокос
Состојки:
200 г маргарин
200 г шеќер
50 г чоколадо
350 мелени бисквити
1 кесичка инстант кафе разматено со 15 лажици врела вода
100 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
150 г кокосово брашно
Подготовка: за темен дел: 50 г маргарин изматете со шеќерот и ренданото
чоколадо. Додајте ги мелените бисквити полиени со разматеното кафе. Од
изедначената смеса, на целофан или прозирна фолија направете тенок
правоаголник. За светлиот дел пенесто изматете го останатиот маргарин со
шеќерот во прав, ванилин шеќерот и кокосовото брашно. Смесата измесете ја со
рака па истенчете преку правоаголникто и со помош на целофанот завиткајте ролат и префрлете во фрижидер.Оставете во целофанот убаво да се стегне.
Колумбо
Состојки: 250 г шеќер, 150 г маргарин, 5 лажици какао, 200 г мелени бисквити, 300 г кокосово брашно.
Подготовка:во соодветен сад за варење ставете 150 мл вода и шеќерот. Додајте маргарин и какао. Кога, на ниска температура, маргаринот и шеќерот ќе се истопат, тргнете од ринглата па додајте 200 г кокосово брашно и мелените
бисквити. Мешајте да се соединат состојките. Кога смесата малку ќе се изладина целофан истенчете ја на дебелина од 1 см и со модла вадете облици. Редете на тацна обложена со хартија за печење и оставете да се стегнат. Обилно наросете ги со кокосово брашно.
Чоко розен коцки
Состојки: половина пакување кори за розен торта, 200 г шеќер, 125 г маргарин,
2 лажици какао, 100 г мелени бисквити +30 г за наросување, 100 г чоколадо.
Подготовка:од шеќерот и 100 мл вода направете густ сируп, тргнете од ринглата и додајте го маргаринот сечен на ливчиња, мешајте да се истопи. Потоа додајте ги какото, 50 г чоколадо и мелени бисквити.Убаво измешајте.
Розен корите исечете ги на половина,по ширина (другата половина оставете ја за друг вид колачи), па филувајте ги корите со топлиот фил. Со филот намачкајте ја и горната коричка, па полијте со 50 г истопено чоколадо. Оствете да се излади и стегне и исечете на коцки.
Фереро бомбици
Потребно е: 200 г посни наполитанки со лешници, 300 г крупно сечени, печени,
лешници, 200 г маргарин, 200 г лешници. За прелив: 200 г чоколадо, мед.
Подготовка: изронете ги наполитанките и додајте ги лешниците. Изматете го
маргаринот со истопеното чоколадо и додајте во смесата од наполитанки и
лешници. Се’ добро соединете и правете бомбици. Ставете ги во фрижидер, на два
часа, да се стегнат.
За преливот истопете го чоколадото со малку мед, бомбиците со вилушка
спуштајте ги во преливот и редете во хартиени корпички во кои сте ставиле
малку сечкани лешници, а потоа лешници ставете и преку бомбиците. Оставете да се стегнат па редете во кафеви корпички.
Публицитет.мк