Зошто интегрален ориз? Затоа што интегралниот ориз го содржи зрното ориз со лушпата и има многу повеќе влакна и витамини од белиот ориз. Побарајте интеграле ориз во продажната мрержа со знакот АЛПОЈО.
Интегралниот ориз има 4 пати повеќе магнезиум и влакна отколку белиот ориз и скоро двојно повеќе селен. Содржи и 25% повеќе протеини од белиот ориз, вели една наша читателка и го сподели следниот рецепт со нас:
Состојки (за двајца возрасни и дете од 1 година):
- 1 чаша интегрален ориз
- ½ тиквица
- 2 млади кромитчиња
- 2 моркови
- малку зелена зелка
- малку виолетова зелка
- магдонос
- спанаќ
- маслиново масло
- сол, црн бибер и лук
- 1 лажичка сенф.
Начин на подготовка:
Оризот го варам посебно во сад со повеќе вода, значи не додавам ништо освен вода. Го чекам да зоврие, а после го намалувам на тивко. Кога целосно ќе омекне го тргам од оган и го ставам во цедалка за да се исцеди вишокот вода, а во меѓувреме си го подготвувам зеленчукот. Кога имам време го оставам и претходно да покисне во ладна вода и неколку пати го измивам (поради фитинската киселина).
Сите зеленчуци ги сечкам на коцки и ги ставам во тава со капак што не лепи со многу малку масло. Бидејќи тавата е покриена тие практично се готват од водата која ја пуштаат. Кога ќе омекнат, го додавам претходно исцедениот ориз, зачините и на крај сенфот. Мешам се заедно и ручекот е готов!
Лесно, нутритивно и вкусно!
Уживавме и ние и Ана! Обично секогаш кога на мени е ориз го јаде со кисело млеко, но денес зеленчуците беа победници и не сакаше ни да помириса од киселото млеко.
Ние го јадевме со свежа салата од марула и ротквица.
Публицитет.мк