Во продажната мрежа во Охрид и регионот побарајте Интегрален ориз во нашето препознатливо пакување со знакот АЛПОЈО – Охрид.
Во македонската кујна оризот се консумира на традиционален начин и не му се обрнува многу внимание при подготовка и комбинација со други видови на храна. Но тој може да се подготвува на многу начини. Во домашни услови оризот ретко се подготвува како прилог и малкумина знаат дека може да се сервира со истите додатоци со кои се сервираат тестенините.
Оризот е еден од најстарите житни култури и се претпоставува дека се одгледувал уште пред 12 илјади години во подножјето на Хималаите. Од 16 век, оризот е застапен во сите земји. Постојат многу видови ориз коишто зависат од географските и климатските услови и тоа преку осум илјади различни сорти ориз. Освен видот на оризот, поголемо внимание заслужува неговиот квалитет и разликата во нутритивните вредности помеѓу белиот и интегрален ориз.
Оризот е извор на енергија, одличен антиоксиданс и поволно делува на целиот метаболизам. Хранлива, лесно сварлива храна, оризот корисно делува на цревната флора и не предизвикува алергиски реакции. Од витамини, најмногу содржи витамин Е и витамини од групата Б. Поради својот биолошки состав, оризот не е само храна, туку и лек. Поволно делува при лекување на акни, анемија, астма, атеросклероза, болести на уринарните патишта, срцеви болести, болни менструации, бронхитис, висок крвен притисок, главоболка, дебелина, дијареја, несоница и многу други здравствени состојби.
Зошто интегралниот ориз е поздрав
За Кинезите оризот е основна храна а во IX век во Азија се појавила болеста „бери-бери“ како резултат на недоволното внесување на витамини. Болеста траела цели 50 години, сè додека не се дошло до заклучок дека машината што го преработувалa оризот, ја вадела обвивката на оризот, која била богата со витамини. Оттогаш, почнал да се употребува интегралниот ориз, кој всушност е ориз со лушпа, и изобилува со витамини.
Интегралниот ориз е нерафиниран , што значи дека содржи дел од лушпата која по индустриски пат се отстранува кај белиот ориз. Во тој процес на полирање, оризот губи над 70 проценти од Б витаминот како и фосфор и железо. Токму затоа, интегралниот ориз е основен природен извор на витамин B1. Овој витамин ја забрзува функцијата на штитната жлезда и го загрева организмот, па затоа се препорачува кога времето е поладно. Витаминот B1 е неопходен за правилен метаболизам на јаглехидратите и за работата на кардиоваскуларниот систем. Помага при варењето на храната и ја подобрува психичката стабилност. Останати придобивки од консумирање интегрален ориз:
- Ја одржува телесната тежина, заради хранливите влакна кои што даваат чувство на ситост. Исто така, заради големата количина на диетални влакна, интегралниот ориз е поделотворен од белиот ориз при варење на храната;
- Ја подобрува работата на срцето магнезиумот ги опушта нервите и штити од стрес;
- Интегралниот ориз е одличен избор за храна пред вежбање и се препорачува да се јаде три часа пред да се започне со физичка активност.
Белиот ориз не е цело зрно и содржи најмногу скроб. Со отстранувањето на надворешниот слој неговата текстура омекнува и се продолжува рокот на траење. Белиот ориз има висок гликемиски индекс и може да биде повкусен од интегралниот, но честото консумирање може да доведе до дебелеење, дијабетес и срцеви проблеми.
Совети за подготовка на интегрален ориз
На нерафинираниот, односно интегралниот ориз, потребно му е подолго време да се свари за разлика од времето потребно за подготовка на белиот ориз.
- Интегралниот ориз гответе го како прилог, во комбинација со зеленчук, риба, пилешко;
- За готвење користете сад со соодветен капак. Оризот варете го во малку посолена вода;
- Ставете го во поголем сад, бидејќи поголемата површина значи рамномерна распределба на топлината, со што се добива изедначена текстура.
Публицитет.мк