Портрет на Jägermeister – консумираје одговорно
Според Impact International, Jagemeister е рангиран на осмата позиција во продажба на интернационални премиум алкохолни брендови. Успехот се заснова на уникатната мешавина од одбрано и претпазливо производство и иновативни маркетиншки концепти.
Ликерот со единствен вкус, кој најдобро се ужива ледено студен, ужива зголемена популарност низ целиот свет. Најголемиот алкохолен бренд од Германија веќе е достапен во 108 земји ширум светот.
Скоро 80% од продажбата е надвор од Германија, со вкупен износ од 87.1 милиони 0.7л шишиња.
Рангиранњето како осми на листата на 100 најпродавани алкохолни пијалaци, уште повеќе ја засилува неговата позицијата на најпродаван ликер во светот.
Ликерот од билки е со 35% застапеност на алкохол, кој се произведува во Mast-Jägermeister SE , како традиционален семеен бизнис со традиција од 135 години која на светот му го претставила Jägermeister пред 80 години.
Од кога е создаден од страна на Curt Mast, Jägermeister продолжува да се произведува по оригиналната традиционална и тајна рецептура која се состои од 56 внимателно одбрани билки, цвеtови, корења и овошки од целиот свет.
Како семеен бизнис, тие се свесни за својата одговорност кон општеството и со тоа и голем влог вложуваат во промовирањето на одговорно конзумирање.
Добриот вкус не е случајност Уште од свото создавање Jägermeister, стои цврсто на два столба: традиција и иновација. Во својот процес на изработка, компанијата многу внимателно ги одбира техниките и процедурите во производството, за да ја обезбеди гаранцијата за вкус и квалитет на ликерот.
Истовремено, воведува најнови технологии. Пред производот да биде спакуван во добро препознатливите шишиња, тој минува низ 383 проверки на квалитет. Единствени, чисти и природни состојки се одбираат за да се добие уникатниот вкус на Jägermeister, што го прави толку познат. Несомнено, ваквиот пристап и посветеност резултира во неговото рангирање во топ 10 премиум алкохолни пијалаци во светот.
Вкусот на Jägermeister изобилува со траги од цитрус, ѓумбир и ѕвездест анасон, проследени со нијанса на горчлива хербална нота. Овој уникатен пијалак благо зачинет и хармоничен, популарно се конзумира: како ледено студен „шот“ или пак во чаша полна со коцки мраз.
Публицитет.мк