Кои се разликите помеѓу темното и светлото пиво?
Со текот на годините се менувал процесот на производство на пиво, состојките, амбалажата, а денес постојат и пива со разни вкусови, па на луѓето најинтересни им се оние со вкус на цитрон, бозел и лимон. Меѓутоа, иако постојат мнгоу видови на пиво, основната поделба е на темно пиво и светло пиво, додека црното пиво е најтемно од сите пива.
Кога станува збор за разликите помеѓу светлото и темното пиво, освен бојата, малку луѓе знаат каква е навистина разликата меѓу овие два вида пиво и зошто секое од нив има своја карактеристична арома и вкус.
Пивото е алкохолен пијалок кое е едно од најбараните пијалоци во секое кафуле и ресторан.
Темно и светло пиво – разлика во зрното
Светлото и темното пиво суштински се разликуваат во состојките кои се користат во процесот на производство. Имено, за светло пиво се користи посветол квас, а за темното пиво се комбинираат различни видови на квасец.
Темното пиво се прави така што се мешаат светли, темни и специјално карамелизирани квасци, во зависност какво и колку темно пиво се прави. Со самото тоа, помеѓу темното и светлото пиво постои разлика во нутритивните својства.
Исто така, темното и светло пиво се разликуваат по зрното кое се користи во производството. Повеќето видови пиво се произведувата од јачмен, зоб или печница. Сите зрна можат да бидат различно печени, колку повеќе зрното се пече, тоа станува потемно, па и самото пиво станува потемно.
Секако дека и самиот процес на печење на зрното има голема улога во создавање на пивото, па така, колку повеќе се печени житарките, толку пивото станува побогато и поконцентртирано со алкохол.
Светлото и темното пиво се разликуваат и по вкусот
Самото печење при производство на пиво, може да извлече и силни вкусни ноти кои го прикриваат алкохолот, како што се чоколаден вкус и вкус на карамела. Светлото пиво нема претерано силен вкус, додека темното пиво е карактеристично по својот извонредно специфичен вкус. Вкусот на темното пиво, може да потсетува на чоколада, кафе или да биде со сладок вкус, во зависност од брендот на пивото. Стручњаците тврдат дека само квалитетното темно пиво остава вистински вкус на пивото во устата и грлото. Денес постојат многу различни вкусови и видови на пиво, па во зависност од основните состојки во производството се додва уште по некоја дополнителна состојка со што пивото добива вкус на некое овошје, како што е на пример малина.
Темното пиво има повеќе хранливи состојки од светлото, па се смета дека тоа има повеќе лековити својства од светлото. Консумацијата на пиво, особено кога е во прашање темното пиво, придонесува за подобрување на здравјето и јакнење на самиот имунитет. Пивото има генерално бројни благотворни дејства врз здравјето, а темното пиво е многу корисно за намалување на лошиот холестерол, поттикнување на работата на цревата како и заштита од кардиоваскуларни болести.
Со консумирање на помали количини на темно пиво, се разубавува кожата на лицето и телото. Она што е заедничко и за светлото и за темното пиво е миење на косата со пиво кое придонесува косата да биде поубава и посјајна.
Особено се советува на девојките кои имаат виткана коса, да ја мијат косата со пиво бидејќи пивото, особено светлото, многу убаво ги формира локните. Исто така, поедини козметички производи со состав сличен на пивото се многу погодни за нега на кожата на лицето и телото.
Калории и процент на алкохол
И светлото и темното пиво спаѓаат во фамилијата на лагер пива. Историските податоци наведуваат дека темното пиво се произведувало многу пред светлото пиво, кое се појавува дури на почетокот на 19 век. Освен што се разликуваат по бојата и полната пена, темното пиво е појако бидејќи содржи поголем процент на алкохол, околу 6% , што значи дека содржи и повеќе калории.
Вообичаено светлите видови на пива имаат главно околу 4% алкохол во зависност од брендот на пивото. Покрај тоа што има помал процент на алкохол во себе, светлото пиво има и помалку хранливи состојки. Сепак, и едното и другото пиво многу влијаат на килажата на сите луѓе без оглед на полот и возраста, што за некои луѓе може да биде плус, додека на некои тоа не им смета.
Пивото е едно од најстарите алкохолни пијалоци. Иако не се знае кога точно е направено првото пиво, постојат археолошки податоци кои наведуваат на тоа дека пивото сигурно не е постаро од десет илјади години.
Како главна причина се наведуваат житарките кои тогаш се воведени во редовната исхрана, а всушност се и главната состојка на сите пива. Денес пивото е едно од најпопуларните алкохолни пијалоци а неговите бројни предности во однос на другите пијалоци пивото го доведоа до позиција на најбаран алкохолен пијалок.
Публицитет.мк