Побарајте го копарот во продажната мрежа со нашиот заштитен знак ви гарантираме квалитет. Сигурни сме дека ќе купите ново пакување.
Копарот (Anethum graveolens) се јавува како едногодишно или повеќегодишн растение, во зависност од тоа каде се одгледува. За негова оригинална татковина се смета областа околу Медитеранот и Јужна Русија, а неговата употреба е позната уште од најстари времиња, односно од времето на неолитот. Денес најмногу се користи како зачин, но позната и неговата употреба како чај, особено за смирување на стомачните грчеви кај бебињата. Најмногу се користи во Финска, Шведска, во Балтичките држави, Русија и Централна Азија, иако неретко се среќава во скоро сите светски кујни.
Копарот е најдобар кога се користи свеж бидејќи многу брзо го губи вкусот кога ќе се остави да се исуши. Но, затоа пак може да се замрзне, што му го сочувува вкусот во текот на неколку месеци најмалку, па замрзнатиот копар е секако подобар од сувиот.
По вкус, копарот претставува комбинација од вкусовите на магдонос, анис и целер, со суптилна нишка на лимон. Како таков, идеален е за употреба во јадења со риба, особено лосос и туна, потоа во супи, во јадења со јајца и сирење, а добар е и како додаток во леб и различни пецива. Кај нас особено се користи со кисели краставички, а е одличен и во компир салата, таратур, салата од туна, од јајца или од тестенини.
Во контекст на комбинирање со други зачини, најдобро оди со лук и црн пипер бидејќи ваквата комбинација дава посебен медитерански шмек на скоро секое јадење (пробајте на пример со свинско печење).
Песто е еден вид крем или сос направен од зачинска билка, јаткаст плод, маслиново масло и сол. Убаво приготвеното песто долго време може да се чува во фрижидер без да се расипе…
КИСЕЛИ КРАСТАВИЧКИ СО КОПАР
Потребни состојки:
2 кг. краставички
2 л. оцет
1 л. вода
30 гр. шеќер
2 главици кромид
1 врзоп копар
Сол
Бел, црн и зелен бибер
Краставичките ги миеме и ги оставаме да се исцедат, потоа со игла ги дупчиме на неколку места и ги редиме во тегли. Во теглите додаваме сечкан кромид, копар и од трите видови бибер. Во тенџере на оган ставаме да зовријат водата, оцетот, шеќерот и солтта, ако има потреба додаваме уште сол. Со зовриената течност ги прелеваме краставичките, ги затвораме и ги ставаме во рерна околу 30 минути да се издинстаат на температура од 90оС. Теглите ги чуваме во темна и сува просторија, каде што стои останатата зимница.
Макало (дип) со млад кромид и копар Ова макало одлично оди со фурнаринки, чипс или некои други соленки. Подготовка Младиот кромид со се перца ситно го сечкаме, а и копарот исто ситно го сечкаме. Сите состојки ги промешуваме да се соединат и ставаме сол по вкус. Оставете го да излади и да се соединат вкусовите , па послужете.
Копарот (Anethum graveolens) неговите лековити својства потекнуваат благодарение на витамините и минералите што ги содржи, фитонутритиентите – монотерпени (карвон, лимонен, анетофуран) и флавоноидите (кемферол и виценин). Лековити својства:
- Се препорачува негова употреба кај мајките-доилки, затоа што ја поттикнува лактацијата (лачење на млеко од млечните жлезди)
- Се дава кај мали деца за смирување и ублажување на грчевите
- Одличен лек кога се консумира сам или со други сродни карминативни растенија (кои го подобруваат варењето на храната и ја намалуваат надуеноста) како анасон, ким, при состојби како што се метеоризам, аерофагија, надуеност, како при болести на цревата, желудникот, црниот дроб, бубрезите и киселини во желудникот (доволно е да се џвака една лажичка семе од копар и да се проголта)
- Детоксификатор кој ја прочистува крвта и го зајакнува срцето (земен како зачин или чај за прочистување на крвта и телото)
- Како тоник за црниот дроб (при негова слаба работа и жолтица)
- Како дијафоретик (поттикнува потење) и диуретик (ако се пие како топол чај, предизвикува повеќе потење и мокрење, и неговите лековити својства и дејства се користат за грип и настинка, и при различни воспалителни состојби каде што е потребно зголемување на испуштање на штетни материи од телото)
- Дигестивеното делување на копарот кога се користи како зачин, а неговата цел е да се поттикне работата на желудникот и цревата.
Копарот првенствено го подобрува вкусот, го зголемува метаболизмот за подобро варење на храната, и го подобрува апетитот. Има малку горчлив, но свеж и слаткасто-ароматичен вкус.
Публицитет.мк