Дисконтот за пијалоци на големо и мало им обезбедува на нашите клиенти најширок спектар на алкохол, пиво, вино, енергетски и безалкохолни пијалоци и различни видови на кафе. Тука сме да ви помогнеме во планирањето на вашите семејни и деловни настани. Можете да се потпрете на нашето искуство кога планирате свадби, веселби, слави, деловни и приватни коктел забави и слично. ALPOJO-Liquor & Spice Store
Дисконтот за пијалоци почна со мисија за обезбедување на широка палета на алкохолни и безалкохолни пијалаци со прифатлива цена. Со зголемувањето и проширувањето на нашата компанија се стремиме да обезбедиме добри персонални услуги на клиентите. Вршиме дистрибуција на сите артикли до вашиот дом, продавници, ХоРеЦа – ресторани, хотели, барови, пабови и слично.
Наш предлог:
1. Минимум 1.5 до 2 литри течност во текот на денот. Експертите нагласуваат дека тоа е просечната количина течности која мора да ја внесуваме дневно.
Кога температурата е преку 35 степени и ако имате физичка работа или се занимавате со спорт, потребно е да испиете дупло повеќе од просечната количина.
2. Не можете да испиете премногу. Секој од нас има индивидуална потреба за течности. Но, “претерано“ кај здравите луѓе е невозможно. Нашето тело едноставно го исфрлува вишокот течности.
3. Пијте редовно и често. Потребно е да пиете пред да почувствувате жед. Жедта значи дека веќе сте дехидрирале. Пијте редовно, во текот на целиот ден, во мали количини.
4. Водата е најдобра. Газирана и негазирана вода најдобро ја гаси жедта. И нема калории.
5. Ладните пијалаци освежуваат но подобро е да ги пиете со коцки мраз, место од фрижидер.
Публицитет.мк