АЛПОЈО од Охрид со години успешно соработува со италијанскиот бренд LAVAZZA. Целата понуда на овој италијански производител побарајте ја најпрво во ALPOJO-Liquor & Spice Store на улица „Марко Нестороски“ 62 во Охрид.
Преку дистрибутерот АЛПОЈО сите видови кафиња ( производи) од семејството lavazza стигнуваат речиси до сите маркети, продавници, кафетерии и ресторани во градот.
Најубавиот мирис на еспресото мора да е од LAVAZZA.
До пред 10 години за крал на кафето во светот се сметаше Емилио Лаваца. Еве неколку реда за него:
Емилио Лаваца во 1955 година влезе во семејниот бизнис основан од неговиот дедо и во 1979 стана претседател на одборот и на оваа позиција се задржа си до 2008 година. Тој цврсто веруваше во моќта на телевизијата и инвестираше многу во маркетинг, со што ја претставуваше компанијата на странските пазари како стандарден снабдувач со италијанско еспресо.
Емилио Лаваца, кој предвиде дека истоимената италијанска компанија за пржење кафе ќе стане глобален бренд на кафе присутен во повеќе од 90 земји, почина на 78-годишна возраст, изјави компанијата.