Есента е сезона за циметот – побарајте го во препознатливата амбалажа на АЛПОЈО – Охрид.
Рецепт: Совршени цимет колачиња
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/32-2.jpg)
Потребно е:
240 гр шеќер
120 гр путер
1 јајце
1/2 лажиче екстракт од ванила
350 гр меко брашно
5 гр прашок за пециво
прстофат сол
1 кесичка цимет во прав
за глазурата:
250 гр шеќер во прав
4 лажици вода
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги путерот на собна температура и шеќерот и изматете ги убаво со миксер.
– Додадете го јајцето и екстрактот од ванила и повторно убаво изматете.
– Во друг сад измешајте ги брашното, циметот, прашокот за пециво и прстофат сол.
– Соединете ги двете смеси и измешајте убаво да добиете хомогена смеса. Ставете го во фрижидер да стои најмалку 2 часа.
– Извадете го тестото од фрижидер и на пластична фолија развлечете го со сукало со дебелина околу 1-1,5 см. Со калапи вадете различни форми по желба.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење на околу 3 см раздалеченост.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10 минути, додека краевите да добијат кафена боја.
– Додека се печат колачињата преминете на подготовка на глазурата. Просејте го шеќерот во прав низ цедалка и додадете ја водата. Измешајте. Загрејте ја малку смесата на ниска температура со постојано мешање додека да се растопи шеќерот. Оставете да се излади.
– Изладената глазура сипете ја внимателно на изладените колачиња и оставете да се стегне.
Есенски десерт од јаболки и цимет
За вториот дел од рецептот ви се потребни три пакетчиња желатин, три жолчки (белките оставете ги настрана, за декорација), 250 милилитри млеко, 60 грама шеќер во прав и 200 милилитри хопла, добро изматена.
Овој лесен десерт ги собира вкусовите на есента во една чинија, лесен е за подготовка и е многу вкусен.
Најпрво подгответе паста од две изрендани јаболки, 200 грама шеќер, исцеден сок од лимон и две лажички цимет. Јаболките се рендаат излупени. Се ставаат во тенџере заедно со шеќерот и лимоновиот сок. Мешајте на умерена температура, додека да добиете паста. Откако ќе го тргнете од оган, ставете го циметот и измешајте.
За вториот дел од рецептот ви се потребни три пакетчиња желатин, три жолчки (белките оставете ги настрана, за декорација), 250 милилитри млеко, 60 грама шеќер во прав и 200 милилитри хопла, добро изматена.
Додека желатинот нараснува во вода, за тоа време изматете ги жолчките со млекото и шеќерот, додека да добиете крем. Ставете го да се вари на пареа, со постојано мешање.
Откако кремот е изладен, измешајте го желатинот во него. Оставете го кремот да се излади. Потоа, изладениот крем измешајте го со пастата од јаболки. Можете да сервирате во десертни чаши или чинии, по ваша желба. Декорирајте со цимет, парчиња свежи јаболки и снег изматен од трите белки и шеќер.
Загрејте ја рерната на најсилно.
Наредете ги кромидот и лукот во рамен слој во тава за печење и прелејте ги со супата.
Измешајте ги шеќерот, чилито, солта, кимот и циметот. Истријте го целото свинско месо со оваа смеса и ставете го врз кромидот и лукот. Покријте ја тавата и печете го месото 15 минути на најсилно, а потоа намалете на најтивко и печете додека да стане меко (проверувајте со виљушка), околу 6-8 часа.
Пренесете го свинското на штица за сечење. Поставете цедилка врз еден огноотпорен сад. Истурете ја смесата од кромид, лук и супа од тавата низ цедилката и цврстите парчиња вратете ги во тавата. Исцедената течност оставете ја настрана.
Ако свинското има коска, отстранете ја и фрлете ја. Користејќи 2 виљушки, растргнете го месо на парчиња со големина на залак, фрлајќи ги големите парчиња мрсно. Вратете го растргнатото месо во тавата, додајте го барбекју-сосот, ако го ставате, и измешајте ги. Ако не ставате барбејку-сос, со лажица соберете ги и фрлете ги мастите од површината на исцедената течност, а потоа додајте 100 мл од течноста во свинското, само колку да се навлажни. Пробајте и додајте сол ако треба.
Послужете го свинското со качамак, пире или во сендвич.
Состојки:
2 средни кромиди, ситно сечкани
4 средни чешниња лук, здробени
1 л пилешка супа
1 лажица темнокафеав шеќер
1 лажица чили во прав
1 лажица сол, плус повеќе ако треба
1/2 лажичка ким
1/4 лажичка мелен цимет
2 кг свински бут
500 мл барбекју-сос (по желба)
Публицитет.мк