Денеска на репертоарот на ALPOJO-Liquor & Spice Store се вината за сечиј вкус. Во АЛПОЈО – Охрид има врвни вина од македонски и странски винарии со контролирано производство. Винарија Попов, Камник, Тиквеш, Бовин, винарија Лазар, Венец, Стоби,Royal Winery Queen Marija како и семејните винарии Клинчаров и Захарчев.
Производство на вино или винификација е процес на производство на вино којшто започнува со селекција на грозје или друг (земјоделски) производ и завршува со флаширање на произведеното вино. Виното најчесто се произведува од грозје, меѓутоа освен од грозје, виното се произведува и од други овошја и нетоксични растителни материи.На пример, медовина е еден вид вино коешто се произведува со ферментација на мед како примарна состојка.
Производството на вино е поделено на две примарни категории: производство на негазирано вино (без карбонизирање) и производство на пенливо вино (со карбонизација). Наука која го проучува виното и производството на вино се нарекува енологија.
Без разлика дали е богато црвено или суво бело, виното е едно од најголемите задоволства на животот. Мистеријата на она што се наоѓа внатре во една флаша вино многумина го изјаснуваат како поезија. Виното е жива течност создадена од конзервансите на младоста, зрелоста, староста и смртта. Најпозната природна течност во светот која е доведена до најголема перфекција и нуди голем опсег за уживање и благодарност.
Приказната на македонското вино е приказна со безброј ликови, вкусови и тајни на рецептите кои традиционално со векови се пренесуваат од генерација на генерација. Специфичноста на секое зрно грозје со кое се гради и најголемата тајна на вкусовите на вината од Македонија е сонцето и бескрајната природна убавина. Историјата вели дека на овие простори виното датира уште од античките времиња како омилен пијалак на кралевите.
Во пишаните факти на историјата виното е наведено како ценет пијалак и за време на Римската Империја. Но својата главна позиција виното ја зазема со доаѓање на Христијанството, каде преку Светата Тајна “Причест” е претставено како КРВТА БОЖЈА.
Фактот дека Македонија има мошне поволни услови за одгледување на грозје од кое се произведува вино го прави едно од најпроизведуваните пијалаци. Најдобар начин да се запознае со македонските вина е да се биде дел од винските тури кои се организираат. Турите овозможуваат посета на винарите и фармите, но исто така и дегустација на убавите вина. Секако ќе бидете понудени со традиционално јадење. Подготовката на виното овде ќе ви биде во центарот на вниманието. Македонските винарии редовно се закитуваат со признанија и награди од светски размери.
МИСЛИ СВРЗАНИ СО ВИНОТО
~ „Смеата е вино за душата, нежна смеа или длабока и гласна, со примеси на сериозност – урнебесната декларација на човекот дека животот вреди да се живее.“ – Шон О’Кејси
~ „Јас сакам сѐ што е старо: стари пријатели, старите времиња, старите манири, старите книги и старите вина.“ – Оливер Голдсмит
~ „Пивото е создадено од човекот, виното од Бог.“ – Мартин Лутер
~ „Уште еднаш почувствував колку е среќата скромна и едноставна работа: чаша вино, печени костени, малечок сад за готвење и звукот на морето. Ништо друго.“ – Никос Казанцакис, „Гркот Зорба“
~ „Прифати го тоа што животот ти го нуди и обиди се да пиеш од секоја чаша. Сите вина треба да бидат пробани: некои само по малку, но некои треба да се испијат цели.“ – Пауло Коељо
Публицитет.мк