Нишестето или пченичниот скроб е од растително потекло. Се употребува во домаќинството, најчесто во слаткарството. Неколку рецепти кои се надеваме ќе ја разбудат вашата желба да експериментирате во кујната и да направите вкусни солени и слатки нешта за Вас и за најблиските а зошто да не и за гостите.
Пита со слатко од вишни
За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути
Путер(230 Грама)
Шеќер(210 Грама)
Јајце(2 )
Брашно(160 Грама)
Жолчка од јајце(4 )
Лимон(1 )
Ванилин шеќер(2 ќесички )
Нишесте (пченкарен скроб)(25 Грама)
Млеко(300 Милилитри)
Мелени ореви(100 Грама)
Компот од вишни(300 Грама)
ПОДГОТОВКА
- Во сад додајте 80 г путер, 60 г шеќер, 2 јајца, брашното и рендана кора од лимон, па со рака замесете ги состојките.
- Смесата нанесете ја во намастена и набрашнета тркалезна тава за печење и печете ја во рерна на 200 степени, 20 минути.
- Во тенџере на оган ставете 4 жолчки, 100 г шеќер, ванилиниот шеќер, нишестето, млекото и 150 г путер, па мешајте додека кремот ја добие потребната густина.
- Тавата со полуиспечено тесто извадете ја од рерна, нанесете слатко од вишни и наросете 50 г шеќер и мелените ореви.
- Врз оревите нанесете го кремот, вратете ја тавата во рерна и печете ја питата уште 15 минути на истата температура.
Крекери со сирење и ким
-За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути.
СОСТОЈКИ:
Брашно(350 Грама)
Нишесте (пченкарен скроб)(100 Грама)
Фета сирење(200 Грама)
Јајце(2 )
Маргарин(250 Грама)
Прашок за печиво(1 )
Ким(2 ќесички )
ПОДГОТОВКА
- Во подлабок сад ставете ги маргаринот (омекнат на собна температура), 1 јајце, 1 белка, прашокот за печиво, нишестето, брашното и фета сирењето.
- Посолете и замесете ги состојките со рака додека да се соединат во тесто. Продолжете да го месите тестото со раце на набрашнета работна маса.
- Со сукало развлечете кора со дебелина од 1 см и со калапи вадете форми.
- Наредете ги колачите во плех обложен со хартија, премачкајте ги со изматена жолчка со 1 лажица вода и наросете ги со ким.
- Печете ги во рерна на 200 степени околу 20 минути или додека убаво поруменат.
Ролнички со крем
Одличен десерт за со кафе после ручек
Лиснато тесто(500 Грама)
Жолчка од јајце(1 )
Млеко(300 Милилитри)
Шеќер(6 Супени лажици)
Пудинг од ванила(2 Пакувања)
Нишесте (пченкарен скроб)(1 Супена лажица)
Ванилин шеќер(1 Пакување)
Слатка павлака(200 Милилитри)
Овој рецепт се подготвува за помалку од 70 минути
- Расукајте го лиснатото тесто врз набрашнета површина и исечете го на 9 ленти. Истото се прави со двете парчиња тесто (вкупно 10 ленти).
- Лентите навиткајте ги на метални валјаци. Наредете ги во плех за печење, обложен со хартија за печење, премачкајте ги со жолчка изматена со малку млеко и ставете ги во загреана рерна на 180 степени. Печете ги 20 минути.
- Одвојте ги печените ролнички, додека се млаки, од калапот и оставете да се изладат.
- За фил: зовријте 300 мл млеко. Во друг сад, изматете го прашокот за пудинг со малку млеко и со нишестето, па полека додајте ги во зовриеното млеко. Сварете густа смеса, со постојано мешање. Оставете ја да се излади.
- Изматете ја слатката павлака во шлаг и постепено додавајте го сварениот пудинг. Изматете ја смесата со миксер.
- Наполнете готварски шприц со приготвениот крем и филувајте ги изладените ролнички.
- Посипете ги со шеќер во прав.
Среќни празници и слави. Добар апетит„
Публицитет.мк