Спектарот од производи кои во наше препознатливо пакување можат да се најдат во трговската мрежа во Охрид и регионов го збогативме со зачин за таратур.
Претставува мешавина на зачини која ќе ја направи вашата таратур-салата највкусна. Комбинацијата на зачини, како лук, магдонос и црн пипер, се покажала како најуспешна за надополнување на вкусот на таратурот.
Подгответе ја салатата според Вашиот омилен рецепт, додадете го зачинот и уживајте во неверојатно освежувачкиот вкус.
Едно од највкусните и наједноставните јадења кои ни ги остави во наследство Отоманската кујна е таратурот. Лесно и природно освежување особено во топлите летни денови.
Состојки:
- Краставици – 2
- Кисело млеко/павлака – 500 гр.
- Сол – 1 лажица
- Оцет – 1/2 лажица
- Лук – 3 чешниња
- Маслиново масло – 2 дл.
- Ореви – По вкус
- Магдонос – По вкус
Инструкции:
Чекор 1:
Истолчете го лукот додека не добиете конзистентна смеса. Во неа ставете малку маслиново масло и посолете.
Чекор 2:
По желба излупете ги краставиците и исечкајте ги на ситни коцки. Додадете ги во сад преку кој потоа ќе ставите Битолска павлака или Битолско кисело млеко. Промешајте.
Чекор 3:
По избор врз смесата додавате сечкани ореви и ја ставате во голем сад за послужување. Декорирате со магдонос, а таратурот се послужува ладен.
Тѕаѕики сос
Тѕаѕики сосот го подготвувам често и за разлика од таратурот, овде краставиците ги ставам рендани. Затоа, на почеток ја рендаме краставицата и ја цедиме од вишокот течност. Потоа во краставиците ставме павлака и додаваме сецкан свеж магдонос, таратур микс зачини и толчен лук, како и малце масло и сол по вкус. Сето тоа се меша и се остава да одстои малце, за да се врзат убаво состојките. Тѕаѕики сосот го подготвувам кога правам домашно гиро, на мој начин, во нареднате рецепта ќе видите како...
Таратурот, многу популарно македонско предјадење во Бугарија се нарекува „Снежанка“. Еве во кои состојки се разликува и како да го приготвите:
СОСТОЈКИ:
- 400 гр јогурт
- 4 краставици
- 2 чешниња лук
- 3 лажици масло
- 5 лажици ореви
- 1 лажица копар
- сол и бибер
Краставиците се лупат и ситно се сечат на коцки, се става јогуртот или кисело млеко, исечканиот лук, маслото, билките, како и зачините и оревите. Убаво измешајте.
Добар апетит!
Публицитет.мк