Ќе купиш едно – добиваш две! Го има и тоа проверете
Голем сезонски попуст во сите маркети и продавници во Охрид на производите од „Повардарие“и „Вино Жупа“.
Специјални попусти од нивната производствена програма и за угостителските објекти долж ривиерава.
Сите знаеме дека чаша вино на ден е добра за здравјето. Помага при помнењето, за одржување на коските и килограмите. Чаша вино е добра и против стрес.
Еве совети како пиењето вино да го претворите во ритуал. Потребни ви се чаши за вино, сад за шишето и отварач.
Виното комбинирајте го со храна. Генерално, црвеното вино оди во комбинација со црвено месо, белото со морска храна. Внимавајте и на вкусовите кои ги комбинирате.
Виното треба да го сервирате на вистинска температура. Црвеното на температура помеѓу 18 и 20 Целзиусови степени (или повеќе), а белото помеѓу 6 и 11 степени.
Одберете вистински чаши за служење. Црвените вина се ставаат во поголеми чаши, но вината кои се сервираат со вечера одат во поголеми чаши без разлика дали бело или црно вино.
Задолжително е чашите да се високи за да се одржува температурата (затоа чашата се држи за вратот).
Ако пиете од старо шише, претурете го виното во специјален сад, а малку оставете во шишето. Со тоа ќе спречите во чашата да турите седимент кој виното го развива со текот на годините.
Младите вина треба да се отворат неколку часа пред дегустација. Тоа уште и се нарекува “оставање виното да дише“ и овозможува на поновите вина да имаат сличен вкус како отстоените.
Виното пијте го бавно и уживајте во вкусот!
Дали знаете како правилно се пие вино?
![Дали знаете како правилно се пие вино? Дали знаете како правилно се пие вино?](https://block.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/girly_pink_wine_drink.jpg)
Температурата на виното е клучна, белото се конзумира на температура од 9 до 14 степени, а црното вино на температура од 15 до 20, во спротивно може да се случи и за многу скапоцено вино тврдите дека е третокласно, само затоа што не е соодветно сервирано. Баш како што парфемот има неколку фази на отварање, слично е и со вината. Но ако го сервирате виното во лоши чаши кои не му дозволуваат доволно да се отвори вашата уметност на уживање е уништена уште на самиот старт.
Пенливото вино се служи во тесни и долги чаши. Белото вино бара чаша од чисто и тенко стакло, со долга „нога“, за да не се загрее премногу брзо во вашите раце, додека врвот на чашата треба да биде во облик на лале. Причината е едноставна, за мирисите и аромите да останат подолго во чашата и за оној кој го пие да ужива во сите сензации кои му ги нуди секоја голтка. Од друга страна, чашата за црно вино има конвексен облик и обично има поголем волумен од чашата за бело вино, меѓутоа и пократка рачка.
Чашата секогаш се полни до половина (црно вино) или две третини (бело вино). Пред да го ставите виното во чаша задолжително измијте ја чашата со вода за да се ослободи од сите непотребни мириси кои може да го нарушат вкусот на виното.
ПОВАРДАРИЕ, ВИНО ЖУПА И АЛПОЈО ВИ НУДАТ ПАЛЕТА ОД ВИНА ЗА СИТЕ ВАШИ УБАВИ МОМЕНТИ!
НЕКА ВИ Е НАЗДРАВЈЕ!
Публицитет.мк