Познатиот американски готвач и оценувач на храна, Џејмс Бирд во 1956г. рекол: „Од сите пијалаци во вашиот дом, румот е најромантичниот“. Рум купете во АЛПОЈО Liquor Store го има од повеќе производители.
За многу години денов – Проочка!
Само една голтка може да ве пренесе во егзотични предели, исполнети со нежни бои. Токму поради тоа, се смета за мошне романтичен пијалак. А романтична страна на румот пак, овозможува лесно да се врзуваат митови за него, кои се прифатени ширум светот.
Следуваат најголемите митови за румот:
Румот секогаш има сладок вкус. Иако за производство на румот се користи шеќер, тоа не значи дека румот ќе има сладок вкус. Пред дестилација, шеќерот се претвора во алкохол и јаглероден диоксид, со што се губи слаткиот вкус. Неретко, румот може да има сув вкус, исто како ликер.
Румот е најдобар кога се меша со овошни сокови. Многу одамна румот бил еден од поефтините појалоци и за забавите на пониските слоеви се мешеал со поефтини овошни сокови. Меѓутоа, денес едни од најпопуларните и најскапите коктели се прават со рум.Таков е на пример коктелот Manhattan. Од друга страна, за рум кој стоел со години, се смета дека е грев да се меша со било што, па затоа се пие чист.
Пиратите пиеле само рум. Не многу романтичен, но мошне распространет мит. Пиратите пиеле сè што наоѓале при нивните грабежи и походи. Во раните периоди, тоа најчесто било шпанско вино. Дури кон крајот на 17ти и почетокот на 18ти век пиратите почнале да пијат рум, како резултат на порастот на трговијата со рум.
Румот се произведува само на Карипските предели. Иако плантажите со шеќерна трска од кои се добива румот се наоѓаат на островскии тропски предели, уште пред Американската Револуција во Северна Америка постоеле фабрики за производство на рум. Денес румот се произведува ширум светот.
Шеќерна трска од Јамајка, Барбадос и Гијана е основата на секој врвен рум. Токму таа се користи за производство Key Rum Caribbean White, идеален за подготовка на коктели. Кој романтичен коктел би го подготвиле со Key Rum?
Публицитет.мк