Кога сонцето ќе засјае во полн сјај и температурите ќе надминат 30°С, сите ние бараме пијалаци што ќе не оладат најдобро. Ако сте уморни од минерална вода, сокови и разни други пијалоци, пробајте нов летен коктел. Покрај одличниот вкус, коктелите што ги предлагаме се загарантирани да ве освежат и ќе ви помогнат полесно да ја преживеете топлината. Од суштинско значење е летните коктели да не бидат тешки, односно да не содржат голема количина алкохол во нив.
Поради високите температури, алкохолот често има многу лош ефект врз организмот, но во многу мали дози често е незаменлив, затоа што го подобрува вкусот и освежува. Коктелите не се само за возрасни, дури и најмладите можат да уживаат во нив, се разбира, ако се направени без алкохол. Оние кои мислат дека вистински коктел има барем неколку капки алкохол не се во право, затоа што безалкохолните, овошни коктели се подеднакво вкусни и освежувачки.
Менхетн
Потребни состојки:
– Виски (5 мл)
– Благ Вермот (30 мл)
– Горка Ангостура (5 мл)
Начин на подготовка: Ставете ги количините вермот, ангостура и виски во шејкер со мраз и полека промешајте. Откако ќе завршите сипете во чаша и декорирајте со цреша.
Саутсајд Физ
Потребни состојки:
– Џин (60 мл)
– Сок од лимон (20 мл)
– Обичен сируп (20 мл)
– Ливчиња нане
Начин на подготовка: Во шејкер ставете ливчиња нане, сируп, џин и сок од лимон. Промешајте добро. Откако ќе завршите сипете ја комбинацијата во чаша со многу мраз и додадете минерална вода.
Космополитен
Потребни состојки:
– Сок од лимета (20 мл)
– Трипл Сек (20 мл)
– Сок од боровинки (15 мл)
– Вотка
Начин на подготовка: Во шејкер промешајте сок од лимета и боровинки, трипл сек и вотка. Откако ќе завршите сипете ја комбинацијата во студена чаша. Декорирајте со виткана кора од портокал.
Ел Дијабло
Потребни состојки:
– Текила (60 мл)
– Сок од лимон (20 мл)
– Ликер „Crème de cassis“ (20 мл)
– Пијалак од ѓумбир
Начин на подготовка: Во шејкер искомбинирајте текила, сок од лимон и ликер и промешајте. Откако ќе завршите сипете го во чаша со лед и додадете пијалак од ѓумбир. Декорирајте со парче лимон.
Минт Јулеп
Потребни состојки:
– Виски (60 мл)
– Обичен сируп (15 мл)
– Ливчиња нане
Начин на подготовка: Во чаша со лед ставете го сирупот, нането и вискито. Декорирајте со многу свежи ливчиња нане.
Мерките за различните пијалаци во овие освежителни коктели можете слободно да ги прилагодите според вашиот вкус. Експериментирајте сè додека не го добиете совршениот летен коктел.
Публицитет.мк