Побарајте во трговската мрежа СЕМКИ ОД ТИКВА со нашиот заштитен знак и квалитет АЛПОЈО – Охрид.
Семките од тиква се користат во медицински цели илјадници години. Тие се одличен избор за грицкање поради богатството со омега-3 масни киселини.
Семките од тиква се богат извор на: калциум, калиум, магнезиум, железо, цинк и витамин К.
Откријте ги неверојатните здравствени предности на семките од тиква и зошто треба да ги јадете наместо нездравите грицки.
Успешно се борат против рак
Шпанско истражување покажало дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат против канцерогените клетки. Имено, ефикасни се во борбата против разни видови рак и имаат антивоспалително дејство. Германско истражување покажало дека жените кои поминале низ менопауза и секојдневно јадат семки, имаат за 23 отсто помал ризик од настанување рак на дојка. Подеднакво делотворни се и семките од сончогледот.
Го подобруваат здравјето на простатата
Маслото од семки од тиква се користи за лекување на зголемена простата (хиперплазија). Маслото содржи фитохемикалии и антиоксиданти кои го намалуваат нивото на слободните радикали во телото и спречуваат настанување на канцерогени клетки.
Ги ублажуваат симптомите од менопаузата
Ако барате природен начин да го подобрите расположението или да ги ублажите симптомите на менопаузата, семките од тиква се одличен избор. Ги регулираат топлотните напади, главоболките, болките во зглобовите и наглите промени на расположението. Научниците докажале дека семките од тиква го зголемуваат нивото на добриот (ХДЛ) холестерол и го регулираат крвниот притисок.
Го намалуваат холестеролот
Истражувањата покажале дека семките од тиква можат да го намалат лошиот холестерол за 13 отсто, а нивото на вкупниот холестерол за 10 отсто. Исто така, ќе го намалат ризикот од згрутчувања на крвта, кардиоваскуларни болести, мозочен и срцев удар.
Превенираат дијабетес
Семките од тиква поради богатството со незаситени и здрави масни киселини се ефикасни и го регулираат нивото на шеќер во крвта, зголемувајќи ја чувствителноста на инсулин. Бројни експерти препорачуваат дијабетичарите да консумираат семки од тиква како секојдневна ужина.
Добри се за слабеење
Богат извор на влакна и протеини, материи клучни за губиток на килограми. Само 30 грама семки од тиква имаат 5 грама протеини, што ќе ве држи сити. Сепак, бидете умерени, шолја семки содржи околу 285 калории.
Го подобруваат расположението
Одлични се за физичкото, но и за психичкото здравје. Научниците утврдиле дека семките од тиква покажуваат одлични резултати во намалувањето на симптомите на депресија. Исто така, одлични се за намалување на нивото на стрес и анксиозност. Едно истражување дури покажало дека ја зголемуваат сексуалната желба.
Го олеснуваат артритисот
Семките од тиква, поради нивното противвоспалително дејство, ги ублажуваат симптомите од артритис. Ако страдате од артритис, секој ден јадете околу 30 грама семки од тиква.
Спречуваат појава на остеопороза
Луѓето кои имаат недостиг од цинк, треба да почнат да консумираат семки од тиква, кои, притоа се одличен извор на цинк. Цинкот е минерал потребен во коските. Само 1/4 шолја семки содржи дури 17 отсто од препорачаната дневна вредност на цинк.
Публицитет.мк