АЛПОЈО шеќерот во прав е кристален шеќер сомелен во најфин прав! Ситно мелените кристали на шеќерот лесно се топат и одлично се мешаат со теста, креми, глазури и други состојки при правењето на различни слатки. Идеален е за посипување на готови торти и колачи.
АЛПОЈО шеќерот во прав е 100% природен шеќер без никакви адитиви или додатоци, така што може да се случи, за време на подолготрајно и несоодветно складирање, да дојде до згрутчување. Затоа АЛПОЈО ви советува, по отворањето на вреќичката, шеќерот да го чувате на суво место и во затворен сад, за да се избегне контакт со влага и на тој начин да се спречи можното згрутчување.
Алпојо шеќерот во прав со својата мека структура, многуте слатки моменти ги прави уште послатки.
Брзи, вкусни крофнички, се прават буквално за 15-на минутки… Идеални за брз појадок на вашите дечиња со чаша млеко.
1. Во сад го ставаме сокот од портокал, ја додаваме и ванилата, замесуваме нелепливо и меко тесто со постепено додавање на брашното претходно измешано со пецивото.
2. Добиеното тесто го расукуваме во тенка кора на работната маса, со помош на модли вадиме форми.
3. Го загреваме зајтинот на средна температура (јас на 4-ка, од вкупно 6) и ги пржиме крофничките до нивно заруменување, прскаме со лажица од врелото масло врз нив да се надуваат, па ги превртуваме од другата страна да се допржат.
4. Ги вадиме врз салфета и топли ги валкаме во шеќер во прав (или ги наросуваме со шеќер во прав).
Забелешка –
– По желба додадете ја и кората од портокалот (рендана).
– Оваа доза е одприлика доволна за 2 лица, ги спремав за брз појадок на моите дечиња, доколку планирате да направите повеќе, дуплирајте ги состојките.
Ванилици со лимон
Јајцата се матат со прстофат сол, па се додава шеќерот, (во прав ако користите уште подобро) и ванилите, додека се растопи шеќерот, па се додава сок од 1 лимон, омекнатиот маргарин, се’ се мати со миксер, па се додаваат сецканите оревчиња, рендана кора од 1 лимон, пецивото и брашното и се меси со рака.
Треба да се добие меко тесто. Се витка во фолија и во фрижидер да отстои 1 час.
Потоа се вадат форми.
Се печат во загреана рерна на 150 степени од 30-40 мин., зависно од нивната дебелина. Одозгора треба да останат бели, а одоздола убаво да поруменат.
Топли се валкаат во шеќер во прав.
На здравје!