Erylite Stevia кристалниот засладувач е идеален за готвење и печење. Додадете Erylite Stevia едноставно 1:1 како шеќерот. Erylite Stevia кристалниот засладувач засладува како шеќерот, но не содржи калории. Користете го Erylite Stevia засладувачот во вашите рецепти наместо шеќерот (на пример, заменете 100 g шеќер со 100 g Erylite Stevia 1: 1).Побарајте го во маркетите со знакот АЛПОЈО и уживајте во кулинарските мајстории и секако во слатките.
Бела торта со стевиа
Прво се ставаат белките во вангличка и се матат да се добие густ снег.
Постепено се додава стевиата.
Се мати уште кратко.
Во еден сад ги соединуваме оревите, какаото, брашното.
Ги додаваме овие состојки во изматените белки и лесно со шпатула промешуваме.
Смесата ја истураме во голем плех од релна, кој е обложен со хартија за печење.
Печиме од 10-14 мин, во зависност од релната.
Го оставаме тестото да се излади, па го делиме на три еднакви ленти
Сега во еден сад ги соединуваме на кратко со миксер, густинот, стевиата, жолчките.
Млекото го оставаме да се загрева и постепено ја додаваме смесава.
Вариме на тивок оган до згуснување.
Повремено промешуваме, за да се излади и да не фати кремот коричка.
Сега го матиме путерот и го додаваме кон претходно изладениот крем.
Кремот го делиме на два дела.
Во едниот дел ставаме растопено чоколадо.
За другиот дел на оган го ставаме млекото со стевиата, да зоврие, па ги додаваме оревите.
Кога ќе се излади, го додаваме во вториот дел од филот.
Сега трите ленти тесто ги премачкуваме прво со кафениот фил.
Ја ставаме првата лента на послужавник.
Врз кафениот фил го ставаме филот со попарени ореви, па премачкуваме со 2-3 лажици изматена слатка павлака.
Сега ја ставаме втората лента, па врз кафениот фил, ставаме фил со попарени ореви, па изматена слатка павлака.
Така постапуваме и со третата лента,
Цела торта ја премачкуваме со останатат слатка павлака и декорираме со нежни шеќерни срценца.
Нека одстои во фрижидер барем 5 часа, убаво да се спојат вкусовите.
Тортата е многу сочна и кремаста. Совет- добив послаб контраст на филовите, сметам дека и 200 гр чоколадо може да се стави.
Бидејќи и филот со попарени ореви доби потемна боја, не остана жолт,но како и да направите вкусот е неодолив.
Кето рафаело
Состојки
250 мл. неутрална павлака
30 гр. стевиа
25 гр. путер
80 гр. кокос
40 гр. мелени лешници
попотреба лупени печени лешници
1. Во сад на оган додадете ги павлаката, путерот и стевиата додека стевиата не се растопи.
2. Садот отстранете го од оганот и додадете ги кокосот и мелените лешници, промешајте со лажица додека смесата не стане хомогена.
3. Смесата оставете ја да се излади, а потоа од неа формирајте топчиња во средината со по еден лешник и извалкајте ги во кокос.
Можете мелените лешници да ги замените со кокос. Се работи за вкусови, мене со мелени лешници ми се повкусни.
Баунти коцки
Состојки:
60 г кокосови трошки
40 г еритрол
60 г кокосов крем
60 г кокосово брашно
30 г кокосово масло
за прелив: 100 г темно чоколадо + 2 лажици кокосово масло
Подготовка:
Во длабок сад ги мешате кокосовите трошки, еритролот, брашното и потоа го додавате кокосовиот крем и масло и убаво соединувате. Смесата е многу сипкава и во прв момент ќе помислите дека тоа ќе биде пропаднат рецепт, но кога ќе ја натапкате смесата во калапче за мраз и ќе ги оставите коцките само 30 минути во замрзнувач ќе добиете многу цврсти коцки кои потоа ќе ги валкате во стопеното чоколадо.
Вистинско уживање.
Публицитет.мк