Се’ што треба за Вашата трпеза кај нас има – порачуваат од АЛПОЈО – Охрид.
Секоја добра домаќинка знае што е потребно за да се подготват вкусни визитарски слатки и колачи. Шеќер, какао, сусам, ванила и ред други нешта во продажната мрежа во Охрид и Струга побарјте со знакот АЛПОЈО.
http://www.alpojo.com.mk/ Овде уверете се!
Капучино визитарски колачи
Во сад над пареа, растопете го чоколадото. Капучиното растворете го во малку зовриена вода. Доколку сакате, наместо капучино употребете нескафе. На тој начин ќе добиете колачи со поинтензивен вкус. Измешајте ги состојките, убаво соединете и оформете по желба. Секогаш може да додадете мелени бисквити (за да добиете повеќе колачи). Само зголемете го количеството на маргарин и слатка павлака. Оставете ги колачите еден час во фрижидер. Над пареа растопете го чоколадото за готвење и додадете го маслото. Чоколадирајте и декорирајте со бело чоколадо. Доколку правите бомбици, наместо чоколадирани, може да ги посипете со покрупни парчиња рендано бело чоколадо.
Ситни колачи со чоколадо и сусам
Потребни состојки:
200 гр еурокрем 200 гр чоколадо за готвење 100 гр сусам 1 пакетче чоко стоби флипс или декоративни мрвициПодготовка:
Еурокремот и чоколадото за готвење се растопуваат заедно на тивок оган. Сусамот се потпечува и се додава кон чоколадната смеса. Се меша да се изедначат состојките и додека се’ уште е топло се става во хартиени кошнички. Одозгора се става по едно бело топче чоко стоби флипс, шарени мрвици или друга декорација.
Превкусни суви колачи со цимет
Мора да ги пробате многу се вкусни... Колачите се чуват во кутија со капак, а можи исто да се замрзнат и да се вади по потреба. 1. Се меша путер, шеќер и јајце убаво, се додава се друго и се прави тесто. Се става во најлон тестото и во фрижидер да одмори 30 мин. 2. Се дели тестото на 2 дела. Од секој дел се прави долга ролна и се се сечи 3 до 4 цм мали делови. Секој дел се сплескува со нешто рамно како на пример со поширок нож. 3. Се редат на плех со хартија. 4. Се меша малце шеќер и цимет во мала чинија и се поросуват колачите. 5. Се печат во загреана рерна на 225 степени 8 до 10 мин.
Цимет векна (штрудла)
Многу мека, миризлива, вкусна штрудла, со прекрасно тесто. Во топлата вода ставаме малку квасец, малку шеќер, брашно и нека се активира квасецот. Потоа во вангличката ги додаваме млекото, солта,путерот, кардамомот, остатокот од шеќерот, јајцето и замесуваме тесто понамеко. Не го ставаме цело брашно одеднаш, туку по потреба. Го покриваме тестото и го оставаме да кисни. Потоа го расучуваме во правоаголна кора, која на едниот крај ја засекуваме малку. Сега цела кора ја премачкуваме со лесно соединети путер, шеќер, цимет, мармалад. Завиткуваме векна и ја ставаме во плех, правоаголен на кој има поставено хартија за печење. Ја премачкуваме со изматено јајце, кисни 15 минути и печиме околу 30 минути на 190 ст. Ако не сте трпеливи како мене, хаха, сечете топла и уживајте во прекрасниот вкус.
Публицитет.мк