Винарската визба “Тиквеш” нуди целосно уживање за оние што сакаат да се нурнат во убавините на светот на виното прикажани преку историјата на визбата и прошетка низ винскиот подрум и да го почувствуваат духот и карактерот на поднебјето со дегустација на врвните вина на “Тиквеш”.
Посетителите можат да ги откријат тајните на мајсторите за вино на винарницата со најдолга традиција во овој дел од Европа и да уживаат во примамливи комбинации на храна и вино.
„Tikveš Châteaux & Domaines“ обединува мали винарии што се наоѓаат на специфични и уникатни микролокации во Македонија и Франција. Овие лозја го даваат апсолутно најдоброто грозје, што им овозможува на производителите на вино да го покажат своето мајсторство во создавањето на виното. Мноштвото награди што постојано ги красат овие префинети вина се доказ за вештината и за љубовта што се вложуваат во нив.
Ако вината „Special Selection“ ги претставиме како музичка композиција, тогаш секое вино од линијата би било различен музички инструмент. Оваа линија се состои од едносортни вина создадени на начин што ги истакнува нивните уникатни карактеристики. Избрани рачно, грозд по грозд, овие вина нудат беспрекорни ароми и вкусови на секоја од сортите.
Познато е дека виното, особено црвеното е добро за здравјето. Доказ за ова е помалата инциденца на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето што редовно и умерено консумираат пред сѐ црвено вино.
Терапевтските и антисептичките својства на виното се познати уште од античките времиња. Виното е пијалак, храна и антисептик, кој контролира многу процеси во нашето тело. Пријател на оброците, бидејќи го подобрува варењето на храната.
Алкохолот во умерени количества, освен што ги стимулира варењето на храната, работата на срцето, ја подобрува циркулацијата на крвта, поради што често и лекарите го препорачуваат како важен пијалак за време на оброците.
Износот на вкупни феноли во грозјето е поголем во однос на виното. Со традиционалните методи на преработка на грозјето се екстрахираат максимално 60 отсто од фенолите што се присутни во грозјето. Црното грозје во просек содржи повисоко количество феноли од белото грозје. Со самото тоа чаша црвено вино е „поздрава“ за човекот, од чаша бело вино.
1. Уживајте во добрата храна и останете вити. Уште една од придобивките кога се консумира виното во умерени количества. Типичен пример за ваквото тврдење е таканаречениот „француски парадокс“. И покрај тоа што имаат калорична и зачинетa кујна, Французите остануваат вити и поздрави токму поради навиките за консумирање на барем една чаша вино со главниот оброк
2. Ја подобрува меморијата
Едно истражување направено на лица постари од 70 години, покажало дека оние што пијат по една чаша вино дневно, паметат повеќе од другите. Исто така, докторите објаснуваат дека тоа спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови.
3. Помага при согорување калории
Практиката покажува дека луѓето што пијат вино редовно, имаат помала телесна тежина од оние што го консумираат ретко. Докажано е дека испиената чаша вино, може да го натера вашето тело да согорува калории цели 90 минути.
4. Го зајакнува имунитетот
Една британска студија вели дека љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција со бактеријата хеликобактер пилори, која може да предизвика гастритис, чир или рак на стомакот. Исто така, помага и при заштитата од труење со храна, како на пример од салмонела.
5. Заштитник на женските јајчници
Една чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајчници за 50 отсто. Научниците веруваат дека ова се должи на антиоксидансите, кои ги има во виното, а кои имаат антиканцерогени својства.
6. Ги зајакнува коските
Во просек, луѓето што се редовни консументи на вино, имаат поголема коскена маса од оние што не го консумираат. Алкохолот го зголемува нивото на естроген, хормон што го забавува ронењето на старите коски.
Публицитет.мк