Празници се ближат – утре Цветници ,следната недела Велигден. Во мноштвото специјалитети кои ќе бидат поставени на секоја трпеза ќе биде присутно сувото грозје. АЛПОЈО ви го препорачува сувото бело и црно грозје во нивно пакување. И тоа не само со повод , туку консумирајте го и во редовната исхрана.
Есенцијални витамини и минерали
Сувото грозје е богато со витаминот Ц, К и Б-6. Тоа исто така, е извор на калциум, натриум, железо, магнезиум, фосфор, бакар и манган. Високото ниво на натриум ја регулира рамнотежата на течности и минерали во телото, а придонесува и за нормална мускулна функција, крвен притисок и дигестија.
Микронутрициенси и калории
Во една мала чаша суво грозје, има 129 калории без масти или холестерол. Оваа количина на суво грозје содржи и 34 грама на јаглехидрати и 2 грама на диететски влакна. Диететските влакна ја помагаат дигестијата и го одржуваат здравјето на дебелото црево. Диететеските влакна придонесуваат и во намалувањето на холестеролот.
Останати придобивки
Сувото грозје е извор на флавоноиди и хенолни антиоксиданти, кои помагаат во редуцирање на слободните радикали, кои пак предизвикуваат заболувања и стареење на човечкиот организам. Сувото грозје е еден од најдобрите извори за минералот бор, кој го подобрува здравјето на коските и штити од артритис. Една состојка во сувото грозје, позната како фруктан, спаѓа во групата на пробиотици. Пробиотиците ја помагаат цревната дигестија и го поттикнуваат растот на корисните бактерии во дебелото црево.
Жолто суво грозје
Жолтото суво грозје содржи адитивот сулфит, кој го спречува потемнувањето и губењето на вкусот за време на сушењето на грозјето. Кај одредени луѓето сулфитот може да предизвика алергиска реакција. Доколку сте алергични на сулфит, побарајте органско суво грозје, кое што не го содржи овој адитив.
Сувото грозје е многу здраво за нашиот организам, а еве и зошто!
Во продолжение неколку здравствени придобивки ако го конзумирате секојдневно во умерени количини:
– го чисти организмот
– го чува срцето
– ги топи масните наслаги
– спречува воспалителни процеси
– ја подобрува работата на метаболизмот
– помага кај артритис и реума
– ја подобрува работата на бубрезите и белите дробови
– спречува создавање на камен во бубрезите
– помага кај бронхитис и кашлица
– го подобрува памтењето
– го успорува стареењето
– го подобрува сонот
Публицитет.мк