Некои напишаа дека вчера 27 март бил Меѓународен ден ан вискито, други податоци кои испливуваат на Гугл на пример велат дека светскиот ден на овој моќен пијалак е на почетокот од мај. Нема причина за возбуда и кавга. Вискито е добредојдено со секој ден и убав повод. АЛПОЈО во својот Liquor & Spice Store има голема понуда на виски. Ваше да го посетите и да одберете.
Вискито е предизвикувачко, мистериозно, секси. Богато со историја и традиција, несомнено не може да биде пијалок за секој. Не секој знае како да ужива во уметноста на течноста со боја на мед. Не секој знае да ја препознае компексноста на секоја капка која ја носи со себе „водата на виталноста“ како што ја нарекувале во далечната 1400 година кога за првпат било дестилирано вискито, некаде во мистичните предели на Шкотска, подоцна се проширило во Англија и Ирска, за на крајот да го преплива Атлантикот и да стане еден од омилените пијалоци на Џорџ Вашингтон.
Марлон Брандо во Кум, Џон Хам во Момците од Медисон, Френк Синатра и неговиот омилен Jack Daniel’s, Винстон Черчил го комбинирал Jonnie Walker со добра пура, додека Марк Твен рекол „Премногу од се може да биде лошо, но премногу од добро виски никогаш не е доволно“.
Вискито ја зголемува циркулацијата на крвта спречувајќи холестеролот да патува низ артериите.
Ефикасно е против стресот: вискито ја намалува вознемиреноста и ги смирува нервите.
Ја подобрува вашата меморија. Антиоксидансите стигнуваат до центарот за меморија на мозокот.
Во минатото, вискито се консумираше како дигестивен агенс. Но, може да се користи и како потиснувач на апетит. Значи, ако сте среде диета, но би сакале чаша алкохол на забава, најдобро е да користите виски.
Вискито содржи многу малку јаглехидрати, така што дијабетичарите исто така можат да се почестат со пијалак.
Johnnie Walker, виски старо скоро 200 години, наскоро ќе се продава во хартиена амбалажа.
Diageo, компанијата која е сопственик на овој бренд, соопшти дека за оваа пролет планира да ги да ги пушти во продажба првите количини на тоа виски во ново еколошко пакување.
Diageo за производство на хартиена амбалажа ќе отвори компанија под името Pulpek, која ќе произведува амбалажа и за брендовите Unilever и Pepsi, објави BBC.
Хартиени шишиња со виски ќе бидат направени од дрвена пулпа и ќе можат во целост да се рециклираат, соопшти компанијата.
Правењето стаклени шишиња троши енергија и испушта јаглерод, па многу компании за производство на пијалаци развиваат хартиена амбалажа за да се обидат да го намалат загадувањето и да ги направат производите поодржливи.
Публицитет.мк