Вината на Семејна Винарија Клинчаров од пред една недела се достапни во АЛПОЈО ДООЕЛ Охрид и ALPOJO-Liquor & Spice Store. Уживајте и наздравете ова лето со Темјаника – ултима, Мома – Ресавка и Станушина.
Семејната винарија “Клинчаров” ги исполнува сите неопходни услови за производство на квалитетно вино и ракија.
Семејството Клинчаров има традиција на винопроизводители постара од 100 години.
Тие се едни од најстарите семејства кои произведуваат вино и ракија во Кавадарци и Тиквешкиот регион.
Семејниот насад на виновата лоза е лоциран во с. Ресава, кое според експертите е совршено место за одгледување на виновата лоза и правење на најквалитетните вина и ракија.
Располага со вкупна површина од 1,2 хектари лозов насад, со годишен принос од 15 тони на грозје и со годишно производство на околу 3 тони вино и 1 тон на ракија.
Од белите сорти на вина застапени се Темјаниката, Р.Ризлинг и Мускатот.
Од црвените сорти на вина, Вранецот и Станушината.
Во Семејната Винарија “Клинчаров” ќе ги најдете сите артефакти и алати кои служеле за обработка на виновата лоза и правење вина и ракии, кои се употребувале од страна на семејството со децении наназад.
Направете излет – посетете ги!
Публицитет.мк