Знаме ли се’ за сојата, нејзината хранливост …
Соја е растение од семејството Fabaceae. Расте помеѓу 67 центиметри и 2 метри, во зависност од сортата и условите за раст. Има исправено и разгрането стебло со големи листови и бели и виолетови цвеќиња. Плодот се состои од семки кои можат да бидат зелени, кафеави, жолти и црни. Таа е една од најстарите култивирани растенија во светот. Се одгледувала во Источна Азија пред 4000 години, а во Европа е донесена во 18 век. Таа е единствена растителна храна која ги содржи сите есенцијални амино киселини. Одличен е извор на тиамин, рибофлавин и фолна киселина. Содржи Б6 витамин и Ц, Д, Р и К витамин, но во помали количини. Карактеристична е по поволниот сооднос на калциум и фосфор, а исто така е богата со калиум, железо, сулфур, манган, натриум, бакар, бор, јод, кобалт и цинк.
Сојата е функционална храна. Во зависност од сортата (жолта, зелена, црна) содржи помеѓу 37 и 50% протеини, што е двојно повеќе од месото. Исто така, таа има добар ефект врз нивото на шеќерот во крвта. Влакната од соја ги врзуваат токсините кои влијаат на развојот на ракот на дебелото црево, со што го намалуваат ризикот. Содржи комплекс биоактивни супстанци кои меѓусебно даваат позитивен ефект. Особено е богата со растителни естрогени, т.н. фитоестрогени, материи кои природно се јавуваат во храната и дејствуваат како хормони. Поради тоа, често се препорачува на жени во менопауза. Ова е алергенска храна и не смее да се јаде во своја сурова форма. Во својот состав има оксалати, кои во големи количини можат да се кристализираат во крвта, што може да предизвика здравствени проблеми.
Сушени семки на соја можат да се купат во три бои: жолта, зелена и црна. При купувањето, гледајте семките да се целосни, а не испукани. Други производи од соја се: млеко од соја, масло, брашно, тофу, соја сос, мисо и др. Семките можат да се чуваат 12 месеци, во затворен сад, на суво и темно место, додека зготвената соја можете да ја чувате во затворен сад, во фрижидер до 3 дена.
Производите со соја се богати со протеини, влакна, калциум, калиум и Б витамини.
Плус, една европска студија докажала дека консумирањето на соја го намалува ризикот од срцеви заболувања, што значи дека умереното јадење соја секој ден е здраво за секој човек. Барем за ова сите се сложуваат.
Но, во секој случај морате да бидете внимателни.
За почеток, сојата е најздрава кога се консумира во нејзината природна форма и тоа ограничено на една порција дневно. Препорака е да земете тофу наместо рафинирана храна како месото од соја.
Сојата треба да се јаде умерено затоа што содржи фитоестроген кој делува како естроген во вашето тело, а многу естроген може да предизвика развивање на рак на дојката.
Всушност, студиите покажале дека големи дози на соја суплементи можат да ги зголемат ризиците од рак. Поради тоа, жените кои во својата фамилија имаат историја на вакви заболувања за да бидат сигурни треба да избегнуваат да јадат сојини производи. Истото важи и за оние кои имаат заболувања на тироидната жлезда.
Публицитет.мк