Прочитајте од каде потекнува секој поединечен зачин, како и каде се употребува, како може да се чува?
Задолжително би требало да ги употребувате во вашата кујна и исхрана.
ЛОВОР
Ловорот е познат уште од најстари времиња. Потекнува од Мала Азија, но многу брзо се раширил во низ медитеранските земји и други региони со погодна (топла) клима. Особено бил важен како симбол во Античка Грција и Рим, каде цареви, херои и поети носеле венци од ловор. Грчкиот бог Аполон дури и го прогласил дрвото на ловорот како симбол за чест, а како таков ловорот се користи и ден денес (поети лауреати), а ловорови венци им биле давани и на победниците на Олимпијадите почнувајќи од 776 година п.н.е. па се до денес.
КОПАР
Копарот се јавува како едногодишно или повеќегодишн растение, во зависност од тоа каде се одгледува. За негова оригинална татковина се смета областа околу Медитеранот и Јужна Русија, а неговата употреба е позната уште од најстари времиња, односно од времето на неолитот. Денес најмногу се користи како зачин, но позната и неговата употреба како чај, особено за смирување на стомачните грчеви кај бебињата. Најмногу се користи во Финска, Шведска, во Балтичките држави, Русија и Централна Азија, иако неретко се среќава во скоро сите светски кујни.
МАЈОРАН
Мајоранот е зачин кој потекнува од Мала Азија, но е познат и често употребуван особено во националните кујни од Медитеранот, Централна и Источна Европа. Се одгледува скоро во сите региони, но најдобро успева во услови на сува и топла клима. Има карактеристичен, доста силен мирис, а по вкус е малку остар и горчлив.
КОРИЈАНДЕР
Коријандерот е еден од најстарите зачини. Потекнува од Мароко, Средна и Јужна Америка. Листовите му се слични на магдонос, иако се доста помали, а мирисаат на мешавина од цреша, ванила, цимет, ружа или портокал. Плодовите се во форма на мали топчиња кои можат да имаат од светло браон до црвеникаво-жолта боја, а мирисаат на анис. Како зачин се користат и листовите и плодовите.
ШАФРАН
Вистинскиот шафран е многу скапоцен зачин, бидејќи се состои од осушени и сомелени толчници на цветови од шафран. Производството е многу сложен процес, а за добивање на 1 килограм од овој зачин, потребни се 150 до 200 илјади цветови. Потекнува од Мала Азија, а како зачин се користи од памтивек.
Продолжува…
Публицитет.мк