Брзи колачи со гриз и кокос Уште едни вкусни и лесни колачи.За овој рецепт и сите останати преку кои ќе се гордеете со својата умешност и кулинарска уметност побрајте ги производите со знакот АЛПОЈО – Охрид. Секако, одвојте и време да го посетите нашioт Liquor & Spice Store маркет.
Во касерола ( тенџерче со капак) на оган ставете го млекото, шеќерот и ванилата. Додајте го гризот. Варете околу 5минути, нека се згусти како пудингот. Потоа додадете го путерот, а откако ќе се растопи додајте го и кокосот. Мешајте убаво да се соедини смесата.
Во калап или мало тавче постелете хартија за печење. Префрлете ја смесата и израмнете ја. Ставете ја да излади во фрижидер.
Подоцна кога е изладено извадете од ладилник и пресечете го на 12 коцки. Растопете го темното чоколадо на пареа. Секоја коцка пуштајте ја во чоколадата и вадете на решетка. Откако ќе стврдне чоколадата,служете ги колачите. На здравје.
Потребни состојки: – 300 мл млеко – 6 лажици гриз Алпојо – 100 гр шеќер Алпојо – 120 гр кокос Алпојо – 80 гр путер – 1 кесичка ванилин шеќер Алпојо Прелив – 200 гр темна чоколада.
Се’ со знакото АЛПОЈО – Охрид.
Публицитет.мк