Покрај тоа што е богат со витамин Е и магнезиум, бадемот содржи фитоматерии кои пружаат добра заштита од болести на срце, но и други хронични заболувања.
Бадемот спаѓа во ковчесто овошје, а во блиско сродство е со вишната, сливата, праската и кајсијата. Стеблото на бадем може да достигне висина и до 10 м.
Постојат два вида на бадеми:сладок и горчлив. Плодовите на слаткиот бадем се јадат сурови, пржени, се додаваат на разни јадења или од нив се добива бадемов путер, масло или бадемово млеко. Бадемовото масло се користи и како додаток на јадењата, но и за изработка на сапуни, маски, помади и пилинг за сува кожа, како и во медицината за третман на разни видови на дерматитис. Горчливиот бадем е отровен и не се јаде, но се преработува за добивање есенцијално бадемово масло. Целото растение содржи гликозид во семките, кората и листовите. Толку е отровен што 50-70 горчливи бадеми предизвикуваат смрт кај возрасно лице, а 3 горчливи бадеми доволни се да предизвикаат силно труење.
Екстрактот од бадем што се додава при подготвување на слатки исто така произведен е од горчливиот бадем. Горчината на екстрактот потекнува од прусичната киселина која се уништува со топлина и екстракција на масло.
Бадемот во исхраната
Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и магнезиум, умерена количина на протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така содржи фито материи кои се заштита од срцев удар и други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од другото ковчесто овошје. 30 гр. бадем содржи иста количина на калциум како и ¼ шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува на трудниците.
Бадемот е мала ”енергетска бомба”. Една порција бадем е многу калорична поради присуството на мононезаситените масни киселини, протеини и влакна. Секогаш кога ви е потребна ужина, одберете грст бадеми.
Лековитост
Бадемот ги зајакнува нервите и мускулите, поволно делува на нервниот систем, за цревата е антисептик, го снабдува телото со многу минерали (калциум, калиум, цинк, железо), го забрзува варењето итн.
Индикации: разни воспаленија, болки и грчеви во желудник, црева и мочни патишта, бременост и доење, физички и интелектуален замор, нервна исцрпеност,реконвалесценција, храна за време на интензивен раст и развој…
Примена на бадемовото масло: како лаксатив (околу 30 гр.) за возрасни, а (околу 10 гр.) за деца, во случај на камен во мочните канали,бронхијална кашлица,за мачкање на сува коса, сув екцем, изгореници и испукана кожа.
Контраиндикации: херпес симплекс и други слични инфекции со херпесен вирус бидејќи бадемот е богат со аргинин (една од дваесеттината аминокиселини од кои се состојат белковините во телото) кој го активира тој вирус (а аминокиселината лизин го спречува);
Забелешка: Бадемовото млеко освежува, го јакне организмот, а се прави на тој начин што 20 бадеми неколку минути се ставаат во зовриена вода, потоа се отстранува кафената кожичка, по што излупениот бадем се става во 250 мл студена вода и се миксира. По желба може да се додаде и малку мед.
Публицитет.мк