• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Алсат-М: Од канцеларијата на Хан потврдуваат дека се бара нов датум за изборите

јануари 17, 2016
in Тикер

Од канцеларијата на комесарот Јоханес Хан информираат дека партиските лидери бараат нов датум за изборите. 

За Алсат М од канцеларијата на Хан денеска изјавија: „Бидејќи не сите политички лидери претходно потврдија датум за одржување на изборите, комесарот даде јасно до знаење дека сега е веќе нивна одговорност да постигнат согласност и да излезат со нов датум за изборите. Комесарот Хан побара од сите лидери да го потврдат нивниот ангажман и да продолжат со исполнување на спроведувањето на политичкиот договор од јуни/јули, како и приоритетните реформи. Политичките лидери го потврдија тоа. Ова го сочинува и најважното прашање за комесарот: Постигнување напредок за суштината и содржината на договорот”, се вели во реакцијата испратена до Алсат.

Понатаму, од канцеларијата на комесарот Хан истакннуваат:
„Ние и нашите меѓународни партнери ќе поддржиме секаков напор во рамките на подготовките на фер избори, на иста линија со демократските стандарди. Комесарот направи обид за да постигне повеќе извори (финансиски и персонални) за Државната изборна комисија и исто така, за да им обезбеди на сите кандидати да ги претстават своите политички програми пред граѓаните, преку важни медиуми. Во таа насока се одбележани неколку настани, но поподробно Комисијата ќе соопшти во понеделник на пладне”, истакнуваат од канцеларијата на Хан.

Алсат испрати прашање во однос на можниот датум за одржување на изборите 5 јуни. Засега е јасно дека Хан ја чека политичката согласност на лидерите наутро за на пладне да ги соопшти резултатите од преговорите во Скопје.

Алсат уште вчера праша:

1) Дали е вистина или не дека политичките лидери го разгледуваат 5 јуни како датум за избори како можност за спас на Договорот од Пржино?
2) Дали овој датум и овој рок ја ужива поддршката на меѓународниот фактор, посредникот Ванхојте, како и останатите дипломати во Скопје?
3) Дали промената на датумот може да се протолкува како преседан за промена на останатите суштински делови или рокови од Договорот од Пржино во иднина?
4) Дали 5 јуни добива поддршка од сите политички лидери како датум за изборите?
5) Дали е вистина дека Брисел очекува јасен договор од четворицата лидери до понеделник наутро?
6) Доколку се постигне согласност за 5 јуни, дали е доволен овој период за да се гарантира прочистување на избирачкиот список?
 
Овие прашања Алсат им ги упати и на посредникот Питер Ванхојте и на другите дипломатски мисии, но досега нема добиено одговор за нив.

Извор: alsat.mk

Посетеност: 88
Share
Previous Post

Црвен крст – Охрид со низа активности пред, на и по Водици

Next Post

Во рубриката ФОТО НА НЕДЕЛАТА се одлучивме да ви го претставиме Александар Колов.

Next Post

Во рубриката ФОТО НА НЕДЕЛАТА се одлучивме да ви го претставиме Александар Колов.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 88

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk