По осум години успешна работа во Охрид физиотерапевтот Арслан Сулејман и неговиот добро познат АЛТА ЦЕНТАР од Охрид се пресели во нови, сопствени далку покомотни простории во Струга.
Локацијата е во близина на паркингот пред Општина Струга а стружани знаат да речат дека АЛТА ЦЕНТАР се наоѓа позади пицеријата РОМА 1 .
АЛТА ЦЕНТАР е нашиот нов соработник во маркетингот на Публицитет.мк. Во периодот што е пред нас повремено ќе емитуваме интервјуа со физиотерапевтите Арслан и Андријана а ќе споделиме и искуства од нивните пациенти и клинети.
Публицитет.мк им посакува успешна работа!
Татко и ќерка – Арслан и Андријана Сулејман , физиотерапевти
Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто со физиотерапевтот Арслан Сулејман. Со него разговараше Милчо Јованоски
Во овој Центар работат специјалисти физиотерапевти кои го спроведуваат комплетниот физикален и рехабилитациски третман на пациентите.
Центарот за физикална терапија и рехабилитација нуди можности за:
• Електротерапија (ТЕНС, електростимулација, дијадинамска струја, галванска струја, )
• Термотерапија (инфрацрвена ламба, ултразвук, криотерапија),
•Хидротерапија
• Топлотна терапија
• Механичка терапија (екстензија, лимфна дренажа),
• Мануелна терапија (мануелна дренажа, мобилизација, манипулација),
• Кинезитерапија (терапевтски вежби),
• Мануелна масажа (медицинска, спортска, релаксациска)
•Антицелулитен третрманФизикалната терапија и рехабилитација дава можност за лекување пациенти кои од било кои причини не смеат да примаат лекови или да подлежат на хирушки третман, пациенти со хронични заболувања или пациенти со ограничени, односно изгубени моторни функции. Истата се применува и по извршена операција заради враќање на нормалните функции на телото, односно кога постои ризик од прогресирање на болеста.
Рехабилитација на спортски повреди
Повреди на мускули, лигаменти и тетиви
Воспалителни промени на лигаменти, тендинити (тениски лакот)
Третман на бурситис
Рехабилитација пред и по оперативен третман на колк, колено, скочен зглоб, рамо, лакот и рачен зглоб, артроскопски интервенции на зглобови (рехабилитација по менисцектомија, лигамнетопластика на преден вкрстен лигамент, артроскопија на рамо
Рехабилитација по повреди на Ахилова тетива
Повреди на рамо
Рехабилитација кај ревматолошки заболувања
• Третман на дисфункционалности при ревматолошки заболувања,
• Третман при дегенеративни заболувања на целиот мускулно-скелетен систем
Рехабилитација при невролошки заболувања
• Третман на болни состојби во вратот, грбот и половината,
• Намалување на болка при невралгии и спроведување вежби за превенција на болки во ’рбетниот столб,
• Третман на цервикална и лумбална дискус хернија.
Рехабилитација во кардиологија
• Постоперативна рана кардиорехабилитација
* Рехабилитација кај ревматолошки заболувања
* Третман на дисфункционалности при ревматолошки заболувања
* Третман при дегенративни заболувања на целиот мускулно-скелетен систем
Хидротерапија
Хидротерапија, или уште се нарекува терапија со вода, претставува метод на лекување при кој се користи поволното дејство на водата (ладна, топла, водена пареа) врз севкупната состојба на организмот.
Самото потопување на телото во вода, поради елиминирање на гравитациските сили го олеснува неговото движење. Потопувањето во ладна вода најчесто се врши на дел од телото и се користи за забавување на локалните метаболни процеси, намалување на едемот и локализирање на воспалителниот процес. Влијанието на топлата вода, пак, ги подобрува метаболните процеси, го намалува крвниот притисок, ја релаксира мускулатурата, го подобрува еластицитетот на меките ткива, го олеснува движењето во зглобните структури, делува смирувачки на нервниот систем.
Грижа за правилен раст и развој на децата
Коскено-мускулниот систем кај децата во развој под влијание на внатрешните и надворешните фактори е подложен на различни деформации. Наследниот фактор и лошото држење на телото, недоволната физичка активност доведуваат до нарушување на статиката на ’рбетниот столб, што резултира со појава на деформитети. Корективната гимнастика се состои од специјални вежби прилагодени за секое дете, при што се јакнат одредени мускулни групи, засегнати со деформитетот, со што се врши негова корекција. Најчести деформитети кои се јавуваат кај најмладата популација се оние на ’рбетниот столб (сколиози и кифози), како и рамните стапала кај децата.
Грижа за здрав развој во тек на бременост
• Медицинска масажа за трудници
Еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат трудниците се болките во долниот дел на грбот. Овој дел од телото е изложен на најголем напор во бременоста. Медицинската масажа за трудници е насочена кон намалување на болката во грбот, а докажано е и нејзиното позитивно влијание врз:
• Подобрување на циркулација и намалување на отоците
• Подобрување на мускулниот тонус
• Подготовка на мускулите за чинот на породување
• Релаксирање на телото
• Намалување на стресот
Ишијас
Ишијасот е болка која зрачи низ ишијадичниот нерв (н.исцхиадицус), голем нерв чии корени почнуваат во долниот дел на грбот и продолжуваат кон задните делови на нозете. Иако ишијасот може да биде многу болна состојба, ретко се случува да предизвика трајно оштетување на нервите. Ишијасот најчесто е предизвикан од воспаленија кое се јавуваат како резултат на компресија на еден од нервните корени и обично болката поминува по неколку недели.
Симптоми
– Болка во должина на ногата, сè до крајот на стапалото, која се зголемува при стоење и седење
– Трнење во долниот дел на ногата и стапалото
– Слабост, вкочанетост или потешкотии при движењето на ногата или стапалото
– Постојана болка во задникот и задниот дел на ногата
– Отсечна болка која се јавува при станување
Ишијасот најчесто зафаќа една нога. Болката се шири од долниот дел на грбот, низ задниот дел на бутот па се проширува на долниот дел на ногата. Во зависност од тоа на кое место е зафатен, болката може да се префрли сè до стапалото или прстите
Што го предизвикува ишијасот?
Секоја состојба која предизвикува иритација на ишијадичниот нерв (н.исцхиадицус) може да предизвика ишијас. Во многу случаи, ишијасот е предизвикан од притисок на скијатичниот нерв како резултат на дискус хернија. Други причини се лумбални спинални стенози, дегенеративно заболување на дискот, спондилолистеза и при бременост.
Како се дијагностицира?
Во дијагностицирањето на ишијасот, докторот ќе ја испита вашата медицинска историја и ќе направи испитувања на грбот, колковите и нозете со цел да ја провери силата, фелексибилноста, осетливоста и рефлексите. Другите тестови можат да вклучат рендген, магнетна резонанца, КТ скен, електромиограм.
Третман
Конзервативниот третман има за цел да ја намали болката. Во акутна фаза најважно е да се одморите, а некои лесни движење од типот на стоење и кратки прошетки би можеле да помогнат, сè до оној момент додека не почувствувате болка. Важен дел во третманот е и физикалната терапија. Кај голем дел од случаите, ваквиот пристап ја подобрува состојбата за неколку недели.
Публицитет.мк